Детали за несреќата: Се слушаа очајни крици за помош од сите страни…

Додека трчавме кон Дунав се слушаа ужасни и очајни крици за помош. Ништо не се гледаше, само слушавме. Направивме се што можевме. Секој би реагирал вака во ваква ситуација. Вака раскажува што се случило кобниот петок едно од лицата кои ги спасувале момчињата и девојките кои влетаа во Дунав.Според неговиоте зборови, еден човек влетал во ресторан и панично почнал да вика некој да повика Брза помош бидејќи некој се дави во Дунав. Сите шокирани излегле надвор, и келнерите и гостите и музичарите. Вака раскажува 27-годишниот Владан Џорџевиќ од Панчево кој ги спасувал младите од водите на Дунав.
Владан вели дека сите како жив ланец се држеле за раце и ги влечеле момците и девојките од БМВ-то.
– Ништо не се гледаше, само слушавме какo викаат за помош. Дунав влечеше на сите страни. Беше страшно, вели тој.
Откако ги спасиле и однеле во ресторанот каде им пружиле помош пред да дојде амбулантното возило, следувала нова агонија. Едно од момчињата почнало да вика дека неговиот другар е во багажникот. За жал, веќе било предоцна да се спаси момчето. 
Во несреќата која се случи во саботата наутро околу 3 часот и 50 минути починаа Немања Антиќ (18), Анастасија Стајиќ (16) и Милош Јанковиќ (20) а полесно повредени се Лука Вишниќ (18) и Милица Јокиќ (18). Пијаниот возач Душан Јовановиќ (19) помина без повреди.Според неговиоте зборови, еден човек влетал во ресторан и панично почнал да вика некој да повика Брза помош бидејќи некој се дави во Дунав. Сите шо

Пронајдете не на следниве мрежи: