Детали за пукањето во Чаир

Скопјанецот А.Т. кој вчера попладне во 15.15 часот беше повреден со огнено оружје во Чаир бил нападнат од две лица.Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека еден од напаѓачите со тврд предмет го удрил 41-годишниот маж во грбот, а другиот напаѓач од огнено оружје испукал неколку куршуми во долниот дел од неговото тело.
Веднаш потоа лицата го напуштиле местото на настанот кој се случил на крстосницата од улиците „Никола Малешевски“ и „Благоја Паровиќ“, во непосредна близина на објект во изградба.
А.Т. со возило бил пренесен во Клиниката по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди – две прострелни рани и една скршеница на потколеницата од левата нога и една прострелна рана од огнено оружје во натколеницата од десната нога.
– Поради сериозноста на повредите, А.Т. со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Увидна екипа од СВР-Скопје изврши увид и се работи на целосно расчистување на случајот, информира МВР.
 Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека еден од напаѓачите со тврд предмет го удрил 41-годишниот маж во грбот, а другиот напаѓач од

Пронајдете не на следниве мрежи: