Детали за тешка сообраќајка на Партизанска

Три лица се пожалиле на повреди по сообраќајната несреќа која вчера околу 23 часот се случи на булеварот „Партизански Одреди“ во близина на Универзална сала.Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале автомобили „Фиат“ и „Нисан“. Едно лице било пренесено во Ургентниот центар, додека две во ГОБ „Св. Наум Охридски“, но засега нема детали за карактерот на нивните повреди.
Едно од возилата удрило во рекламен билборд, а според очевидци две возила се движеле со огромна брзина по што едното завршило во зградата каде се наоѓа НЛБ Банка.
Очевидци за 24Вести велат дека се слушнал силен тресок по што се симнале долу за да им укажат помош на евентуално повредените и сведочат од ударот
-Возилата се оштетени, а Брзата помош пристигнала за многу кратко време. По судирот на двете возила кои возеле со голема брзина, eдното од нив завршило во зградата каде се наоѓа НЛБ Банка и соборил еден од билбордите. За среќа, оваа сообраќајка заврши без жртви, јавува телевизијата.
 

Очевидец тврди дека глетката била страшна.
-Слушнавме последователни удари кои беа многу звучни и поради тоа излеговме од зградите во кои што живееме за да видиме што се случило. Видовме дека има повеќе возила удрени од кои едно удрило во друго возило, па во билбордот….Глетката е шокантна бидејќи како што изгледа се повеќе возила, скршен билборд, делуваше шокантно за нас. Се надеваме дека возачот ќе биде во ред, вели сведок за 24Вести.
Повеќе информации од полицијата се очекуваат во текот на денот.Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале автомобили „Фиат“ и „Нисан“. Едно лице било пренесено во Ургентниот

Пронајдете не на следниве мрежи: