Детали за убиството на Бојку, што точно се случувало на плажата

Педесет и пет годишниот Д.Б. од село Галешта е усмртен вчера додека седел на терасата од ресторанот „Аква Блу“ во Струга, велат од полицијата.Од Министерството за внатрешни работи денес излегоа со повеќе детали околу убиството на Дилавер Бојку Леку кој беше застрелан сред бел ден во ресторан на плажа во Струга.
-Непознато лице околу 16:45 часот дошло и испукало еден проектил од огнено оружје кој во погодил Д.Б. во пределот на главата, по што почнало да бега. Веднаш потоа синот на Д.Б. со уште едно лице се стрчале кон него во обид да го фатат, но напаѓачот испукал неколку куршуми и кон нив и избегал, информираат утринава од МВР.
Повредиот, велат од полицијата, бил пренесен во струшката болница, каде по кратко време починал. Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот, а телото на починатиот по наредба на јавен обвинител е предадено на обдукција. Дополнително, додаваат од МВР, од местото подигнати се траги кои се предадени на вештачење, а интензивно се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.
Во јавноста веќе се шират гласини дека се работи за крвна одмазда. Сведоци на крвавиот инцидентот кој се случи сред бел ден биле бројните капачи кои во моментот кога се случил немилиот настан биле на плажата со која убиениот стопанисувал.
Дежурните лекари се обиделе да го спасат Леку кого во струшката општа болница го донеле со приватен автомовил.
–Донесено е лицето Бојку Дилавер од приватни лица, не беше донесен со кола од брза помош. Примен во хируршкото одделение во Струга, видено е кај него прострелна рана во главата. Веќе беше во агонија, односно во биолошка смрт. Иако се обидувавме со анестезиологот дадовме брза интервенција, но не се успеа да се врати во живот, изјави вчера Илми Речи-хирург.
И додека полицијата трага по убиецот, во јавноста актуелни се гласините дека се работи за крвна одмазда. Веста за убиството веднаш ја пренесоа и медиумите од регионот. Српски ,,Телеграф” објави натпис насловен: Убиен еден од главните босови на албанска мафија, некрунисаниот крал на проституцијата на Балканот. Против него од 1979 до 2001-ва година полицијата поднела 17 кривични пријави за проституција но тој прв пат,како што пишува Телеграф, беше уапсен и осуден во 2003-та година. Кога излегол од затвор започнал легален бизнис во туризмот и угостителството.Од Министерството за внатрешни работи денес излегоа со повеќе детали околу убиството на Дилавер Бојку Леку кој беше застрелан сред бел ден во ресто

Пронајдете не на следниве мрежи: