четврток, 12 ноември 2026
Најново

Детали за удавеното момче во Охридско Езеро

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Дваесет и двегодишно лице од гостиварското село Градец денеска се удави во водите на Охридското Езеро во близина на тн. машка плажа во Струга. СВР Охрид информира дека се работи за Јетон А., кој со педалинка заедно со уште едно лице се одалечил од брегот на езерото, а потоа скокнал од педалинката.– Во следниот момент, започнал да бара помош, а потоа почнал да тоне. На безживотното тело не се забележани траги на насилство, информира СВР Охрид.
По давеникот, како што информираше секретарот на Општинската организација на Црвениот крст во Струга Адуриме Даути, трагале 11 спасители на Црвениот крст кои со кајчиња и скутери го нашле безживотното тело надвор од зоната за спасување.
– Лицето е пронајдено на околу 400 метри оддалеченост од брегот, надвор од зоната за спасување по интервенција на 11 спасители од кои двајца инструктори лоцирано е и извадено во 12 часот и 50 минути, изјави Даути.
Според неа, кај спасувачките екипи пријавила партнерката на давеникот која поради  вознемиреност не можела да го лоцира местото.– Во следниот момент, започнал да бара помош, а потоа почнал да тоне. На безживотното тело не се забележани траги на насилство, информира СВР

Поврзани вести