Дете ги убило своите родители, бабата и тетката на спиење

Тринаесет годишното момче Марсело Песегињи, од Сао Паоло, Бразил ги убило своите родители, бабата и тетката на спиење. Тој заминал на училиште, а кога се вратил дома извршил самоубиство.Тринаесет годишното момче Марсело Песегињи, од Сао Паоло, Бразил ги убило своите родители, бабата и тетката на спиење. Тој заминал на училиште, а кога се вратил дома извршил самоубиство.
Според наводите од бразилската полиција, убиствата биле извршени во понеделникот рано утрото. Пукал со пиштол со калибар од  девет милиметри. На местото на злосторството бил пронајден еден пиштол, кој бил за службена употреба. Таткото Луиз бил капетан во полицијата, а мајката Андреа работела во воената полиција.
Сите докази наведуваат дека Марсело ги убил родителите и роднините – вели полицијата. Тие ја пренесуваат изјавата на детето дадена на пријател дека „ќе ги убие родителите и ќе стане платен убиец“.
Можно е тинејџерот да бил инспириран од злосторството познато како „Убиствата во Амитвил“, што се случило 1974 година, кога Роналд Де Фео ги убил родителите, двајцата браќа и двете сестри во семејната куќа додека спиеле.Тринаесет годишното момче Марсело Песегињи, од Сао Паоло, Бразил ги убило своите родители, бабата и тетката на спиење.

Пронајдете не на следниве мрежи: