Детоксицирајте го организмот за само 3 дена со оваа диета

Токсините стигнуваат до нашиот организам преку храната, воздухот, лековите и козметичките производи, па затоа не би било лошо еднаш во месецот да му помогнете да се избори со нив.Доколку не му помогнете на време ќе почувствувате недостаток на енергија, проблеми со тежината, несоница, промена на расположението, болки во мускулите, алергии…
Што се препорачува за време на детоксикацијата?
Овошје: Јаболка, грозје, киви, лимон, јагоди и круши
Зеленчук: Артичок, цвекло, брокула, зелка, морков, целер, зелена салата, коприва и кромид
Диета за детоксикација
Секое утро испијте една лажица мелено ленено семе потопено во чаша вода. За време на детоксикацијата избегнувајте го кафето и засладените овошни чаеви.
1 ден
Наутро испијте чаша од 2dl топла вода со сок од половина лимон.
Во остатокот од денот јадете грозје или било какво сезонско овошје кога и да почувствувате глад. Дозволено е да изедете 1kg овошје по желба, но и да испиете минимум 8 чаши вода, билни незасладени чаеви од нане, камилица и ѓумбир, како и свежо цедени сокови од морков, целер и јаболки.
2 ден
Наутро испијте топла вода со сок од лимон, исто како и претходниот ден.
Остатокот од денот консумирајте доста вода, билни чаеви и сокови од зеленчук со вода (во размер 1:1). Минималната количина на течности се 8 чаши.
3 ден
За појадок јадете свеж зеленчук колку повеќе можете. Пијте вода и билни чаеви.
За ручек изберете 2-3 зеленчуци и направете салата. Ако не сакате свежа салата, тогаш смеете да го обарите на неколку минути. Не ги заборавајте течностите!
За вечера згответе чорба од зеленчук и повторно испијте уште неколку чаши вода и чај.Доколку не му помогнете на време ќе почувствувате недостаток на енергија, проблеми со тежината, несоница, промена на расположението, болки во муску

Пронајдете не на следниве мрежи: