Ринге ринге раја во 19 век во Лондон се однесувала на чумата – опасна болест која однела многу животи. Меѓутоа, песничката настанала многу претходно.„Ring“ на англиски јазик значи прстен или круг, а „Ring of Roses“ црвен прстен, прстен од рози. Црвените кругови на кожата кои се појавувале ги означувале првите симптоми на чумата.
Изворно, песничката изгледала вака:
Ring-a-ring o’ roses,
A pocket full of posies,
A-tishoo! A-tishoo!
We all fall down.
Cows in the meadows
Eating buttercups
A-tishoo! A-tishoo!
We all jump up.
Во англиската верзија нема чичко Пајо, јајца и слични работи. Се работи за опасна болест која кај ги косела децата пред себе. Поради тоа текстот и зборува: прстен од рози, полн џеб букети, апчиха, сите паѓаме…
Првата строфа на детската песничка зборува за болеста и умирањето, а другата за лекот и оздравувањето: Крави на полето, пасат лековити растенија (жабји цвет), апчиха, сите скокаме…
Во оваа песничка се споменуваат два цвета розата и жабјиот цвет, едниот има црвена боја, како црвените прстени кои претставуваат симптоми на чумата, а другиот цвет е жолт и традиционално се користел како лек против грозница, воспаление, реума, иритација на кожата и слично.
Песничката се пеела слично како и кај нас – децата се фаќале за раце и формирале круг околу едно дрво, играат околу него и ја пеат песната. Кој е најспор во колото во следниот круг стои во средина (станува Rosie – Ружица).
Симболично, детето во средината ја претставува личноста заболена од чума, сама и изолирана. Во подоцнежнинте верзии, детето кое стои во средина на крајот на песничката бакнува некој од кругот и така го заразува за да и тоа стане Ружица, односно да ги заменат местата.
Од кога настанала, песничката имала многу препеви и верзии на различни јазици, а како прстенот од рози станал чичко пајо кој носи јајца од кои едно е сматок е неизвесно.
Во нашата верзија, детето во средина а сматок. Децата се вртат во круг и ја пеат песничката. На крајот сите деца клекнуваат (симобично паѓаат). Кое дете задоцни, станува сматок и оди во средината.
Меѓутоа корените на оваа детска песничка датираат уште од 17 век. Се смета дека во почетокот ова било детска игра која навистина се играла околу дрво рози, кое во паганизмот било симбол за живот, светлина, надареност со натприродни моќи.
Оваа песничка датира од паганско време. Кивањето, кое се споменува во песната го симболизира излегувањето на душата од телото. Паганските народи верувале дека душата може да ни избега од телото при силно кивање, поради што и се развил обичајот при кивање да се става рака на устата и носот. Дури подоцна, многу подоцна, со откритието на бактериите и вирусите, ставањето рака на уста започнало поради спречување да се шират болести.
Од оваа народно верување потекнува и изразот „душа во нос“. „Душата ми е во носот“ – со овој израз соопштуваме дека сме толку исцрпени што сме на работ на смртта – душата се искачила во носот и само што не излегла од телото.„Ring“ на англиски јазик значи прстен или круг, а „Ring of Roses“ црвен прстен, прстен од рози. Црвените кругови на кожата