Деведесет и една година од смртта на Тодор Александров

Денес навршуваат 91 година од смртта на Тодор Александров Поп- Орушов, политички лидер и еден од водачите на ВМРО.Тодор Александров е роден на 4 март 1881 година, во Ново Село, штипско, во семејството на свештеникот Александар Поп-Орушев и Марија. Тој бил ученик во бугарското машкото 3-то класно и педагошко училиште во Скопје и таму како ученик, Тодор Александров се вклучува во македонското револуционерно движење.
Во рамките на македонското револуционерно движење, Александров учествувал во повеќе активности меѓу кои и Магарешките атентати во Штип, Кочани и Дојран. Според некои историчари цел на атентатите било возбудување на турскиот фанатизам за масовни масакри врз недолжниот македонски народ, од чии што средини произлегувале и атентаторите. Додатно на ова, прогонувајќи ги четите по селата, и власта од своја страна прибегнувала кон терор и разоружување на населението во местата каде што се случувале атентатите.
Учествувал и во Охридското востание кое избувнало во југозападна Македонија раководено од Петар Чаулев, Павел Христов, Милан Матов и други зафатило широк простор меѓу Охрид, Кичево, Дебар и Струга.
Слабите српски сили на овој терен, во првиот момент, не можеле да се спротивстават на македонско-албанските востаници. На 12 септември 1913 година,Петар Чаулев и Христов со своите чети влегле во Охрид.
На 6 октомври 1913 година, Битолскиот окружен началник известува дека положбата во граничните реони се смирувала. Бунтовниците биле разбиени и се повлекувале во Албанија. 
ВМРО
По идеја на Тодор Александров,Петар Чаулев и Александар Протогеров на 20 декември 1919година е обновена Македонската револуционерна организација под името Внатрешна македонска револуционерна организација. Префиксот Одринско од името на организацијата бил отфрлен, бидејќи во Одринска Тракија се формирала Внатрешната тракиска револуционерна организација на чело со Тане Николов.
Без да се свика конгрес, Александров, Протогеров и Чаулев биле избрани за членови на Централниот комитет на ВМРО, а за членови на Задграничното представителство биле избрани Георги Баждаров, Наум Томалевски и Кирил Прличев.
На 3 февруари 1920 година Тодор Александров, Александар Протогеров, Иван Каранџулов, Никола Стојанов, Георги Баждаров, Михаил Монев, Аргир Манасиев, Наум Томалевски и други, решиле да се обноват четничките акции воВардарска и Егејска Македонија.
Во мај 1920 година организацијата разполага со 17 чети во Вардарска Македонија и 5 во Егејска, составени од по 15 четници и тројца во резерва. Биле обновени и влегувал и дејствувал во Вардарска Македонија, кралска Југославијаангажирала 35.000 војници, жандари, граничари, четници, жандарски станици и гранични пунктови.
Од вкупно 17.000 жандари што ги имало во Југославија, 12.000 биле распоредени во Македонија. Кон крајот на 1922година, неговата глава во Белград е проценета на 250.000 динари.
Убиството на Александров
Убиството на Тодор Александров било извршено на 31 август 1924 година кај селото Лопово на планината Пирин. Се случило во време на обидите што тој ги преземал за организирање на конгрес на Серскиот револуционерен округ на ВМРО и напорите што се преземале во правец на средување на состојбите во истата по потпишување наМајскиот манифест во 1924 година. Заземањето на новиот курс по однос на борбата за решавање на македонското прашање и потоа откажувањето од потписите на Александров и Протоѓеров, создале предуслови за тоа повеќе фактори да се заинтересираат за отстранување на Тодор Александров од лидерската позиција во ВМРО.

Кој стои зад убиството на Александров
Покрај дирекните физички извршители на атентатот, кои се познати, како можни нарачатели се посочувале повеќе страни: групата во ВМРО околу Алексо Василев – Пашата и Георги Атанасов, бугарските комунисти, Комунистичката Интернационала,Иван Михајлов, Александар Протоѓеров и неговите приврзаници во Организацијата, бугарската влада на Александар Цанков, но со сигурност не може да се утврди ниту еден од горенаведените.
Постојат повеќе нејасни и таинствени околности околу атентатот врз Тодор Александров, кој како настан е еден од најмистериозните во поновата македонска историја. Мотив за неговото отстранување од високите позиции што тој ги имал во хиерархијата на македонското националноослободително движење, имале помалку или повеќе сите горенаведени фактори.
Освен дирекните извршители, кои се познати, кругот на заговорниците се стеснува околу Алеко Паша и Георги Атанасов, чие што сомнително држење во сите тие настани укажува на најголема веројатност дека тие биле запознаени со плановите за атентат врз Александров. Од гледна точка и на можните мотиви, сенката на сомнежот паѓа врз овие двајца од причина што тие без разлика на нивната идеолошка определеност, во периодот пред атентатот се наоѓале во непријателски односи со Александров и се обидувале да создадат силна опозиција, внатре во ВМРО, против првиот. Атанасов и Пашата, коишто за краток временски период успеале да натрупаат милиони левови на своите конта за сметка на угледот на Организацијата, исто така се плашеле дека на претстојниот Окружен конгрес би можеле да ги изгубат високите позиции во водечката хиерархија во ВМРО, а со тоа и стекнатите богатства.
Можат да се посочат два центри кои би можеле да бидат можните “интелектуални” убијци на Тодор Александров: Комунистичката интернационала заедно со БКП и другите левоориентирани партии, движења и струи во Бугарија и воено-политичките фактори блиски до бугарската влада на премиерот Александар Цанков.
 Тодор Александров е роден на 4 март 1881 година, во Ново Село, штипско, во семејството на свештеникот Александар Поп-Оруше

Пронајдете не на следниве мрежи: