Девет грешки кои ги правиме додека се трудиме да бидеме среќни!

Додека усвојувањето на „среќни навики“ ви претставува начин на задоволство во секојдневниот живот, може да ви донесе штета повеќе од што можете да претпоставите, а при тоа да не сте ни самите свесни. Девет најчести грешки кои најверојатно ги правите, а и штетат на вашата среќа.Во својот говор на Тед за „моќта на ранливота“, професорот на Универзитетот во Хјустон, Брен Браун, тврди дека, преку избегнување на лошите емоции, јас одбегнуваме можноста да ја почувствуваме среќата. Кога бегаме од лошите чувства и емоции, кажува Браун, ја притискаме радоста и среќата. Нашата природна тенденција да се избегне болката, со други зборови, тоа би можело да биде причина зошто не постигнуваме крајно задоволство.
Прашањето е дали некои од нашите одбранбени механизми, дури и најмалите секојдневни навики се пречка во среќата?
Ставањето преголем акцент на исполнување
Премногу се фокусирате на постигнување на среќата, што може да ве направи несреќни, покажуваат новите испитувања.
Чувате внатре во себе
Додека позитивното размислување е клучот за вашата благосостојба, неуспесите во животот се неизбежни, треба да продолжите со животот, да бидете оптимист, задржувањето на чувствата во себе може само да ви нанесе штета. Задржувањето на солзите може да го загрози вашето ментално и физичко здравје, кои се клучни за вашата среќа.
Премногу споделување
Кристофер МкКендлес еднаш рекол „среќата е права само кога се дели“, но во новата ера, тоа неможе секогаш да биде таков случај. Премногу споделувања, па дури и кога се работи за постирање на среќен статус на facebook може да предизвика конфликт во рамантичните односи, тврдат истражувањата објавени на Универзитетот во Канзас. Границата помеѓу она што го делите со вашиот партнер и она што го делите со остатокот од светот, стануваат се повеќе замаглени, а изнесувањето премногу информации од вашиот живот може да ги направи помалку посебни во вашата врска.
Цело време сте на facebook (на вашите телефони)
Врската со другите луѓе може да биде клучот на вашата среќа, но кога е во прашање фб сигурно ви ја нарушува. Неодамнешните истражувања на Универзитетот во Мичиген предвидуваат дека голем број на ангажмани на социјаните мрежи ја намалуваат благосостојбата и позитивната состојба на умот. Научниците кажуваат дека, колку повеќе време одвојувате на социјалните мрежи толку повеќе се чувствувате лошо. Со тоа што не се одвојувате од вашите телефони , може да создадете опасен круг кој ја убива вашата сатисфакција и продиктивност.

Настојувате  да имате се
Можеби мислите дека со настојување ќе постигнете се-работа, дружење, куќни обврски, донесување на крајно чувство на исполнетост, всушност го правете спротивното. Обидувајќи се да имате се, се деградира вашето чувство на среќа, особено ако сте жена. Истражувањата во 2011 година покажаа, дека жените кои се вработени, се обидуваат да бидат „супер мајки“, така се изложуваат на ризик од депресија поради големиот притисок кој самите си го вршат.
Оние кои имаат реална слика, балансирана – домот и работата, се значително посреќни. Претседателката на колеџот Бернард, Дебора Спар, нејзината цел е во тоа да не се има се, туку она што ви  е најбитно.
Не се фокусирајте на минатото
Животот во минатото не е клучот за среќа, но препуштање на чувствата на носталгичност може да ве однесат во добар правец. Во истражувањата од 2012 година, за носталгијата и емоциите, учесниците наоѓале утеха кога размислувале за минатото. Носталгијата создава физичко чувство на топлина која ве прави среќни.
Не се движете
Не е тајна дека здравиот начин на живот – физички и ментално – е важен фактор за среќа. Меѓутоа многу од нас не го практикуваат, не ви треба многу напор и организираност за да се прошетате до најблискиот парк. Шетањето само може да ви помогне да си ги разбистрите мислите, да си ја зголемите креативноста и да добиете некои од важните витамини.
Се спротивставувате на промените
Да кажеме дека вашата кариера и вашите лични околности се баш такви како што посакувате. Вашиот живот ви изгледа прилично совршен и сакате така и да остане, но спротивставувањето на промените за краен резултат може да донесе незадоволство. Од истражувањата, човечкиот мозок природно настојува да избегне губиток, но отпорот може да предизвика голем стрес. Само со тоа што се задоволни со мометалниот живот не значи да им се спротивставувате на промените. Дали тоа е стравот од непознатото или страв дека ќе изгубите од она што моментално го поседувате, притисокот да се држите до сегашноста може да биде штетен за вашата иднина.
Не медитирате
Голем број на истражувања ја поврзуваат медитацијата со среќата – и тоа со причина. Одвојување на време за медитација може да ги зголеми позитивните мисли и да ве направи попаметни. Медитацијата може физички да го обнови мозокот, да ја зголеми емоционалната интелигенција и да го зголеми брзото усвојување на информации. Таа го опушта телото, го намалува стресот, и сето тоа е клучно за среќа.Во својот говор на Тед за „моќта на ранливота“, професорот на Универзитетот во Хјустон, Брен Браун, тврди дека, преку избегнување на ло

Пронајдете не на следниве мрежи: