Девојче на оригинален начин им се заблагодари на лекарите кои го спасија нејзиниот татко

Седумгодишната Ели Невил од Пембрук-Док, Велс, веднаш откако во 2005 лекарите од болницата Витибуш Џенерал го излекувале нејзиниот татко, си презела обврска да им се оддолжи.Лин Невил (54), се лекувал од редок вид рак на крвта, и на крајот бил излекуван. Девојчето потоа имала првична цел да собере околу 500 фунти за болницата, па за таа цел таа го ставила на аукција знамето, коешто самата претходно го изработила и победила на натпревар во нејзиното училиште.
Сепак, конечната цена на знамето на наддавањето достигнала 100.000 фунти.
– Ова е вџашувачко, ги надмина сите наши желби и мечти. Ние сме неверојатно горди на тоа што го направи Ели. Собраните средства ќе помогнат болницата да ја замени старата опрема со посовремена, заради поуспешно лекување на болните, изјави Невил, којшто е и организатор во Центарот за поддршка на болните од рак во областа Пембрукшир.
За својата благородна мисија, Ели била наградена од градот Пембрук, а го добила и Британскиот граѓански медал, национална награда која се добива за посебен придонес и заслуги во општеството.
 Лин Невил (54), се лекувал од редок вид рак на крвта, и на крајот бил излекуван. Девојчето потоа имала првична цел да собере околу 500 фунти за бол

Пронајдете не на следниве мрежи: