Марија М.(14), од Велико Градиште, починала од тешките повреди со кои се здобила во сообраќајка при пад од мотор.
Со моторот кој не бил регистриран, управувал 17 годишниот Марко Џ. од Десина, со кој девојчето било во врска.
Несреќата се случила на 17 јуни, половина час по полноќ, додека Марко и девојчето бегале на моторот од нејзиниот татко Драгослав, кој ги бркал со автомобил марка „Пежо“. Таткото на девојчето цело време бил зад нив и ги терал да застанат, наизменично вклучувајќи кратки и долги светла.
Во еден момент момчето ја изгубило контролата врз моторот и излетале од патот при што удриле во влезот од еден ресторан.
За време на возењето, Марко носел заштитна кацига, но не и Марија што допринело за тешките телесни повреди.
Полицијата има поднесено кривични пријави и против таткото и против момчето.Марија М.(14), од Велико Градиште, починала од тешките повреди со кои се здобила во сообраќајка при пад од мотор.