Девојка од Данска им порача на исламистите: Се гледаме на првата линија

20 годишната Џоана Палани, која има курдско потекло, а во Данска живее од тригодишна возраст неодамна решила да им се приклучи на локалните курдски борци кои го бранат градот Кобане од џихадистите. Таа на својата фејсбук страница објавила дека имала мала повреда за време на жестокиот напад на силите на ИСИС, но потоа ставила и фотографија на која носи борбен елек и држи пушка во рацете. Се гледаме утре на првата линија, им порачала Палани на џихадистите.
Пред да отпатува во Сирија за данскиот весник Политикен рекла дека подеднакво би постапила ако исламските екстремисти би ја нападнале и Данска.
– Ја сакам Данска. Тука сум порасната и ја сакам слободата на нашето општество. Ако некогаш некој ја нападне Данска, би отишла на првата линија со данското знаме околу рамената, рекла девојката.
– Но имам курдско семјство и во моментот Курдите се тие кои се нападнати од исламистите со испрани мозоци, објаснува Палани.
Таа е дел од курдската единица YPJ составена само од жени и која исламистите многу ја презираат и се плашат затоа што веруваат ако убијат жена дека нема да одат во рајот.Таа на својата фејсбук страница објавила дека имала мала повреда за време на жестокиот напад на силите на ИСИС, но потоа ставила и фотографија

Пронајдете не на следниве мрежи: