ДЕВОЈКА ОДЛУЧИЛА ДА ПРЕСПИЕ НА ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА: Сигурно ќе ве расплаче нејзината исповед!

Околу мене група арапски момци кои спијат на клупите, држејќи го под глава сето свое богатство, малку подалеку стојат три проститутки, а од друга страна двајца бездомници…За тоа што сѐ ѝ се случило на девојката таа вечер, беше раскажано во статус на Фејсбук профил.
Тргнала во Унгарија на службено патување, а морала да преноќи на железничка станица за да стигне на време. Тоа што го доживеала е неверојатно.
„И го сфаќам следново: Ќе бидам сама една вечер во Будимпешта и морам да смислам да преспијам на место кадешто има луѓе, кое ноќе е отворено и има полиција за секој случај“.
По грозното читање текстови од различни сајтови, заклучив дека единствено можам да одам на железничката станица Келети. И ми мина низ глава `наркомани, бездомници, проститутки, нарко дилери, перверзњаци… Еј, но тука мора да има полиција`. Често патувам и не ми е непознато да патувам сама, но помислата дека ќе бидам сама на железничка станица навечер во Унгарија, по малку ми беше застрашувачка.
За време на патувањето запознав жена со која зборував при неколкучасовното патување. Унгарка од Будимпешта, се вика Вера според нејзината прабаба која била Србинка. Кога ѝ го изнесов мојот генијален план дека ќе спијам на Келети станицата, Вера исплашено ми кажа дека тоа не доаѓа в предвид и ме повика да бидам кај неа во стан додека не појдам на состанок.
Зарем тоа не е нешто човечно и добродушно? Девојка која никогаш ме нема видено, на мене, потполен странец, ми понуди да бидам кај неа за да не бидам сама навечер во странски град. Иако навистина длабоко ме трогна оваа човечност, моето воспитување не ми дозволуваше да влезам во нечија куќа во 3 часот наутро. Вера и јас си разменивме броеви и ми праќаше пораки на секои 40-тина минути до утрото за да се увери дека сѐ е во ред.

Драга Вера, ти благодарам што ми потврди дека човековата добрина не е во изумирање, што постојат луѓе коишто и понатаму веруват дека човек на човека е брат, а не волк.
И така, во 2:30 часот наутро (секако, Марфиен закон – граничните премини беа пусти, никаде жива душа и секако дека имав возач манијак кој возеше како мува без глава по автопатот), јас во работно издание со лаптоп торба пред Келети станицата, околу мене група арапски момчиња кои спијат на клупи држејќи го под главата целото свое богатство, малку понатаму три проститутки, а од друга страна двајца мажи, веројатно бездомници, кои во неверување гледаат од која планета паднав…
Малку понатаму унгарски бездомници, некои нарко дилери кои убедуваат пар англиски пијани туристи кои и не знаат каде се наоѓаат и нон-стоп врескаат дека Виена е феноменална и дека „овде“ се најдобри луѓето (и понатаму се надевам дека сепак влегоа во вистински воз за Виена, ако и воопшто сакаа да одат таму) и пар проститутки кои гледаат да најдат клиенти.
Се сместувам на една клупа и го молам Бога да осамне. Ми приоѓа човек и се обидува нешто да ми објасни на унгарски и по моето отпоздравување ја вади својата легитимација – унгарски полицаец во цивилна облека, кој потоа на совршен англиски вели дека сака да ја види мојата возна карта и пасошот. Сосема логично е навечер да седам на жележничка станица, нормално дека патувам некаде. И уште „пологично“ е дека таа карта јас ја немам, бидејќи и не патувам никаде.
Веќе ми се појави сценарио во глава дека ќе ме приведе, дека нема да стигнам на состанокот, сто посто ќе платам некаква казна…
Ништо не се случи од тоа. Му раскажав што всушност правам на железничката станица. Дали можеби беше добро расположен или се сожали на мојата приказна, или пак е само добар човек, само ми се насмевна и ме праша дали можеби сакам кафе или чај и ми рече дека тој или можеби некој негов колега ќе помине за половина час да види дали сум ок и ми посака успех на деловниот состанок. На секој половина час поминуваше оттука и ми мавташе. Драг полицаецу, ти благодарам што ми докажа дека полицијата не ја сочинуваат само корумпирани полицајци и незинтересирани поединци. Не, не сте сите исти!

Возовите си доаѓаа и си заминуваа. Се прашував како изгледа да се спие на под од железничка станица, со пискотење на сирени на секој половина час. Одговорот неочекувано ми дојде во облик на мало, разиграно и преслатко девојче. Беше околу три часот наутро. Таа беше будна, а нејзините родители и остатокот од семејството спиеја во аголот.
Дотрча до мене и почна нешто весело да ми зборува на арапски, а како што моето знаење на арапски се сведе на 20-30 изрази кои ми останаа во сеќавање, не можевме баш да комуницираме, но тоа не нѐ спречи. Седна покрај мене и продолжи да зборува, ме фати за раката и ги гледаше моите налакирани нокти и весело зборуваше. Си бев смешна сама на себеси како на некаква мешавина од арапско-турски се обидувам да ја прашам од каде е, па тогаш на англиски и дури тогаш се сетив да не комплицирам и на чист српски да кажам Ирак или Сирија.
Малечката се пресече, тажно ме погледна и рече Сирија. Кога го спомнав Белград се насмевна и кимна со главата, а дури кога извадив кекс, их таа среќа. Како да му објаснам на дете кое не зборува ниту еден друг јазик да оди и да ја праша мајка си дали смее да земе кекс. Наједноставно е со прст, она што се смета за некултурно и примитивно за „развиениот и цивилизран свет“, покажуваш кекс, па мајката и кимнуваш со глава.
Потрча, ја разбуди нејзината мајка која прво исплашено регираше мислејќи што се случило. И точно се виде израз на олеснување дека во прашање е само кекс, дека никој не ја нападнал, повредил… Мајката се насмевна, кимна со главата и погледна кон мене. Повторно се насмевна, ја стави раката на градите, благо ја спушти главата во знак на благодарност. И го повлече детето за ракавот кога малечката повторно тргна кон мене и точно можам да замислам што ѝ рече: „Немој да ѝ досадуваш на тетката, тоа не е убаво“, но малечката се оттргна и дојде кај мене.
И така, ние две другарки, една од 32 години и една од 5 години, едната се вика Ивана, другата Нур, седевме до четири часот наутро на станицата Келети и јадевме кекс. Секоја зборуваше на свој јазик. Нур зеде да црта. Црташе на свој начин, црташе разурнати куќи, тенк бидејќи само за тоа и знае и почнав да плачам. И тогаш дете од 5 години тешеше жена од 32 години, онака чисто детски и човечки. Ја зеде мојата рака и почна да ја гали.
И токму поради тоа, не можам да дозволам некој арапските деца и малечките азиланти да ги набљудува низ призмата на идни терористи, бидејќи тоа се деца. Обично дете кое сака кекс и како и секое петгодишно девојче сака налакирани нокти и детски игри…
Во тек беше Светиот месец Рамазан, а мене ми пријде една баба и почна да зборува. Често во Турција или во арапските земји ми се случува да ме сметаат за „своја“, па и бабата мислеше дека сум лист од нивната гора. Кога не можевме да се разбереме, во помош нѝ дојде еден младич од соседната клупа. Млад Сириец со одлично познавање на англиски.
Инаку, таа беше баба на малечката Нур и ме гледаше како зборувам со неа и како си играме. Ме праша да им се придружам за шехур, односно рамазански доручек што се јаде пред зазорување.
И ти доаѓа да плачеш кога сфаќаш дека на доручек те повикува лице кое ја дочекало својата старост по железнички станици поради алчноста на светските политичари. Лице кое доживеало некој европски пробисвет да го врти погледот на друга страна кога ќе го види, бидејќи „му го руши градот“. И кога ќе сфатиш дека тоа лице сѐ уште чува добрина во своето срце, те поразува фактот кога ќе сфатиш колку малку луѓе имаш во своја околина и колку се вечно незадоволни и неблагодарни за сѐ што имаат. И ти доаѓа во пет наутро да им се јавиш на сите луѓе во твојот именик и да им кажеш, кога ќе станете бидете благодарни што спиевте во својот кревет. Им благодарам на Нур и нејзината баба, бидејќи ми ја подарија можноста да ја раскажам оваа приказна и повторно да почувствувам вистинска благодарност за сѐ она што ми го пружа животот и од што ме има поштедено. Се надевам дека на крајот на патувањето ќе ги очекува она што го означува и името Нур – светлина.
Осамна ново утро, јас ја напуштив станицата Келети, а тие останаа таму. Се надевам дека се среќни колку и јас, бидејќи за неколку часа ја зацврстив вербата во луѓето. И престанав да се плашам од ноќните престојувања на железнички станици, бидејќи понекогаш не е лошо човек да се соочи со своите стравови и предрасуди…
А вие драги пријатели (кои, пред сѐ, имавте трпение да го прочитате ова до крај), не свртувајте го погледот кога ќе ги видите на улица, а не свртувајте го погледот ниту од своите сиромашни и немоќни соседи. Ако веќе животот им одзеде многу нешта, нема причина некој да им го одземе и гази достоинството. Ако можете, трудете се со луѓето да бидете браќа и сестри, а ако не можете – нема потреба да бидете ни волци“.За тоа што сѐ ѝ се случило на девојката таа вечер, беше раскажано во статус на Фејсбук профил.
Тргнала во Унгарија на службено патување, а

Пронајдете не на следниве мрежи: