Следната приказна е извадок од книгата „Народна демонологија на Македонците“, од авторот Танас Вражиновски.Еден човек, после полноќ поминал со автомобил покрај некои турски гробишта. На влезот во гробиштата, покрај самиот пат видел една гола девојка. Таа немала ништо на себе. Возачот застанал со автомобилот и ја прашал:
– Зашто во ова време си останала гола овде?
Му одговорила:
– Гола ме закопаа. Излегов сега од гробот, ама не можам така да си одам дома!
– Знаеш ли каде живееш?
– Знам!-Одговорила.
Човекот ја зел иако се плашел, но за тоа време се обестрашил. Му дал Господ сила. И го дал своето палто, ја ставил во автомобилот и ја однесол дома кај мајка и. Рекол:
– Ајде слези, ова е твојата куќа.
Мртвата девојка му рекла:
– Оди викни ја мајка ми да ти даде фустан да се облечам, затоа што ќе се исплаши ако ме види гола!
Човекот отишол. Тропнал на вратата и излегоа нејзините родители. Човекот им рекол:
– Извинете што тропам волку доцна. Не плашете се, вашата ќерка е со мене во автомобилот. Дајте ми еден фустан да се облече, затоа што е гола.
Мајката и таткото почнале да викаат:
– За каква ќерка зборуваш? Нашата ќерка почина пред седум години!
Човекот им рекол:
– Луѓе смирете се, јас не знам како е и што е. Дојдете, видете ја во автомобилот. Ја имам покриено со моето палто.
Мајката и таткото отишле кај колата. Не нашле ниту девојка, ниту палто. Тогаш настанала голема кавга. Никој не му поверувал на човекот. На крај одлучиле да одат на гробиштата за да им покаже откај ја земал девојката. Кога отишле на гробиштата, го нашле палтото на човекот над самиот споменик каде била закопана девојката. Така сите поверувале дека човекот не лажел за тоа што му се случило кога ноќно време се возел покрај турските гробишта.
Затоа во старо време се викало: „Не патувај после полноќ“. Порано луѓето не патувале се` до моментот кога ќе пропеат првите петли.Еден човек, после полноќ поминал со автомобил покрај некои турски гробишта. На влезот во гробиштата, покрај самиот пат видел една гола девојка. Таа