Девојки…дали ги знаете овие СЕКС ЗАПОВЕДИ кои важат само за вас?

Кога се работи за сексуалноста, жените сè уште не сакаат да преземат одговорност за некои работи. Најчесто е полесно да го обвинат партнерот или судбината, но тоа претставува голема грешка!Мастурбацијата е добра за вашата сексуалност

Мастурбацијата e нешто кое жените би требало почесто да го практикуваат, бидејќи со нејзина помош може подобро да го запознаете сопственото тело. Иако порано се сметало дека мастурбацијата е штетна, науката сепак докажа дека мастурбацијата влијае на квалитетот на сексуалниот живот на жените, па затоа не би требало да ја избегнувате.
Не зборувајте за бившите партнери. Никогаш

Моменталниот партнер никогаш не би требалода го знае бројот на бивши сексуални партнери. Од тоа никогаш не произлегува ништо позитивно, па токму затоа некои работи е подобро да ги задржите само за себе. Ако му кажете голем број на сексуални партнери, ќе имате доста тешка ситуација, но исто така ќе биде и доколку откриете премал број.Не можете да го принудите мажот да ве сака

Со сексот не може да го принудите да ве сака, без разлика колку сте добри во кревет. Оваа стратегија не треба никогаш да ја земате предвид. Ако тој сака само секс со вас, многу е тешко дека со текот на времето ќе посака и нешто повеќе.

Секогаш носете кондом во вашата чанта

Не е воопшто срамно жената да води сметка за заштитата, па не е ништо лошо ако секогаш во чантата носите презерватив. Тоа не треба да сметате дека значи дека сте жена која ја чека секоја прилика за секс, тоа покажува дека се грижите за своето здравје, но и за здравјето на вашиот партнер.Преземете иницијатива

Преземањето на иницијатива во креветот не е знак дека сте лесна жена. Сосема е природно и нормално да сакате секс, па затоа не треба да се срамите да го покажете тоа. Не, значи НЕ

Ако некогаш не сте расположени за секс, не треба ниту да го имате. Овој совет за некои луѓе звучи смешно, но сепак сè уште има голем број на жени кои се плашат да кажат “не”.Мастурбацијата е добра за вашата сексуалност

Пронајдете не на следниве мрежи: