Девојки, доколку сте во врска, МОРА да го знаете ова!

Гаранција за среќна врска, не постои, освен доколку не се потрудите самите да ја одржите врската здрава.Обично нашето знаење и способности ги стекнуваме од претходните искуства, но тие нема да ви бидат од помош доколку не знаете правилно да ги употребите.
Ако досега овие лекции не сте ги научиле, дознајте ги и обезбедете си доживотна среќа:
1. Добрината прави чуда
Добрината е препознатлива како карактеристика на малкумина. Животот е динамичен и брз, па честопати ја забораваме оваа клучна алатка за успешна врска, но и брак. Не морате да вложувате посебен напор за да ја покажете добрината, туку преку неа започнете да влијаете.
2. Сите имаме лоши денови
Ако партнерот има лош ден, немојте веднаш да ја сфаќате ситуацијата премногу лично. Секој од нас се соочува со различни стресови, а бидејќи не можете да бидете во кожата на партнерот едноставно дајте му ја потребната поддршка.
3. Заборавете на кавгите во јавност
За сѐ има време и место, па така и за кавгите. Во секоја врска постојат одредени несогласувања, но тоа не значи дека проблемите требате да ги решавате пред пријателите или пак во кафуле.
4. Простете кога е потребно
Дури и ако некогаш партнерот или партнерката не е во право, сепак соберете храброст и простете. Мора да разберете дека никој не е совршен, а наместо да се држите за минатото зграпчете ја иднината.

5. Позитивните емоции се од есенцијално значење
Заедничкото смеење и споделувањето радост ги лечи луѓето, но и ги спојува. Заедничкото смеење има моќ да се бори против тензиите и стресот. Останете позитивни и секогаш наоѓајте начини да бидете весели.
6. Јасно комуницирање
Без скриени чувства, без читање меѓу редови и без премолчени зборови…комуницирајте јасно и гласно кажете што имате. Не секој може да знае што другиот мисли или пак да ги прочита вашите скриени мисли.
7. Чувство на приврзаност
Со приврзаноста ја докажувате љубовта што ја имате еден кон друг. На овој начин ги искажувате страста, чувствата и покажувате дека сте подготвени да се потпрете еден на друг.
Запомнете, здрава и среќна врска содржи многу правила, но овие лекции се клучни за нејзина долготрајност и успех.Обично нашето знаење и способности ги стекнуваме од претходните искуства, но тие нема да ви бидат од помош доколку не знаете правилно да ги употреб

Пронајдете не на следниве мрежи: