ДЕВОЈКИ, еве што да правите за момците да ви се „пуштаат“ КАКО ЛУДИ

Повеќе од слободните луѓе во дискотеките и кафулињата се надеваат дека ќе го пронајдат својот потенцијален партнер токму таму. Еве како да ја победите конкуренцијата и стравот.Освен ако не сте непријателски настроени, единствен начин да доминирате во клубовите е да бидете отворени. Ако не знаете како да им пријдете на момците или ако сте традиционално воспитани, морате да знаете како да се поставите во таква ситуација.
Многу луѓе, а посебно жените, сакаат да бидат забележани на јавно место. Кафулињата се така дизајнирани за да поттикнат релаксирачка атмосфера, што е совршено место за дружење и запознавање на нови луѓе. Мажите знаат дека мораат да им се доближат на жените за да бидат забележани, а исто така е во ред и девојките да го направат првиот чекор.
Ако тоа не е ваш стил, можете барем пријателски да бидете настроени, мажите секако ќе обрнат внимание на вас. Треба да бидете пристапни, бидејќи така имате прилика да запознаете нови и интересни луѓе кои може да имаат влијание на вашиот живот.
Што ги прави луѓето пристапни
Луѓето не се пристапни само ако пријдат и се поздрават. Да се биде пристапен значи да се биде отворен и привлечен, без зборови. Не морате да бидете упадлива личност во кафулето за некој да ви се доближи.
Напротив, тоа што треба да го направите е да се чувствувате удобно во својата кожа, да изгледате како некој кој е расположен за малку опуштен разговор.
Важен е изгледот
Физичкиот изглед е многу важен, но само до одредена точка. Кога велиме изглед, не мислиме само на обликот на вашето тело, текстурата на вашата коса и големината на вашите делови од телото. Важна е облеката, хигиената, држењето.
Ако не им се допадне тоа што ќе го видат на прв поглед, нема тогаш да обрнуваат внимание на другите работи. Може да носите облика која се вклопува во вашиот личен став. Малку пудра на лицето и кармин може да го создаде совршен вашиот изглед за во клуб.
Говор на телото
Првата работа која секој ќе ја забележи на вас, е тоа какво ви е држењето, ставот.
1. Стојте исправено. Лошото стоење покажува недостаток на самодоверба, а и освен тоа, тоа е лошо за вашето тело.
2. Главата горе. Ако ви е спуштена главата ќе изгледате како да не сте сигурни во себе или дека нешто криете.
3. Седете во природна положба.

 

Покажете заби
Насмевката говори се. Смејте се бидејќи така покажувате дека сте отворени и пријателски настроени. Тоа е знак дека сте расположени и дека сакате да се вклучите во разговорот. Ако сте сами на шанкот, не гледајте намуртено и не бидете озбилни. „Опасниот“ изглед не е привлечен.
Направете контакт со очите
Контактот со очи има многу поголемо влијание отколку што мислат луѓето. Тоа им овозможува на луѓето да создадат подлабока врска. Контактот со очи покажува дека сте самоуверени.
Покажете дека знаете да уживате
Ако сакате да бидете најпосакувана во кафулето, не можете само да седите со намуртена фаца и да чекате некој да ви се доближи. Морате да престанете да мислите на тоа, да го правите она поради што сте дојдени, а тоа е да се забавувате.
Никој не сака немирни девојки кои постојано шеткаат наоколу и чекаат некој да почне разговор со нив. Забавувајте се своите пријатели. Бидете расположени и уживајте во ноќта, бидејќи маѓите тоа го забележуваат.
Што да правите кога некој ќе ви се доближи
Кога некој ќе реши да ви се доближи, тоа не значи дека би требало да бидете срамежливи и резервирани.
1. Смејте се. Некој ви рекол „здраво“, зошто не би му се насмевнале? Единствена причина зошто би требало да се муртите е ако излезе дека момчето што ви се доближило е кретен. Ако е пријатен и љубезен, наградете го неговиот напор со своето време и насмевка.
2. Одговарајте учтиво, но и поставете учтиви прашања. Разговорот со странец може да биде застрашувачки но не морате да бидете нервозни поради тоа. Разговарајте за што ќе посакате.
3. Смејте се на неговите шеги, или обидете се да го насмеете. Хуморот е секогаш добитна особина.
4. Бидете заинтересирани. Тој човек веројатно морал да собере многу храброст за да дојде да разговара со вас. Освен ако не сте непријателски настроени, единствен начин да доминирате во клубовите е да бидете отворени. Ако не знаете како да им пријдете на мом

Пронајдете не на следниве мрежи: