Најдобриот стрелец во тимот на Вардар во Лигата на шампионите, Тимур Дибиров немаше свој ден на мечот во Флензбург, постигнувајќи само три гола од 11 обиди, но за рускиот интернационалец најважно е тимот да победува, а не поединците
-Немав ден на средбата во Флензбург, ниту јас ниту Душебаев. Но, во Скопје сигурно „ќе ги растуриме“. Тие воопшто немаат претстава каков пекол ги чека тука, изјави Дибиров.
Левото крило на Вардар, трипати ја погоди стативата, двапати реализираше од седум метри, но секогаш оптимист, Дибиров смета дека во реваншот поважно е тимот да победи, отколку тој да даде повеќе голови.
-Немав среќа на овој натпревар, но тоа е спортот. Има и вакви натпревари. Сепак најважен е резултатот на екипата, а не моите голови. Ако треба ќе помагам само во одбрана, но важно е да продолжиме понатаму. А таму одат големи екипи, а не големи играчи, смета Дибиров.
Тој со трите гола постигнати во Германија сега има вкупно 69, исто колку и Кирил Лазаров, и останува во Топ-10 на најдобрите стрелци во Лигата на шампионите.
извор:rkvardar.mk-Немав ден на средбата во Флензбург, ниту јас ниту Душебаев. Но, во Скопје сигурно „ќе ги растуриме“. Тие воопшто немаат претстава како