Die Welt: Мета на тајните руски купувања на злато се САД и доларот

Германскиот лист „Die Welt“, објави дека Русија веќе повеќе месеци без престан ги зголемува своите златни резерви и оцени дека станува збор за стратегија, чија мета се Соединетите Американски Држави.Коментаторот на овој лист, Холгер Чепиц, прецизира дека Русија и Кина сериозно работат на создавање на „противтежа на хегемонијата на американскиот долар“. Затоа, авторот тврди дека Кремљ уште од 1998 година – кога руската држава банкротирала во надворешните плаќања, постепено го напушта доларот.
Чепиц нагласува дека Москва „тајно и во тишина“, купува злато и со самото тоа ги намалува своите резерви во американската валута. За пример, тој наведе дека ноември бил осми месец по ред, откако Москва почна да ги полни своите златни резерви со племенитиот метал.
Тој потсети дека ММФ всушност соопшти дека Централната банка на Русија ги зголемила резервите на злато за 603.000 унци, односно за 18.753 тони. Така, Русија ги зголемила своите резерви на злато на 38.178 милиони унци – односно 1.187.493 тони.
Русија во моментов се наоѓа на петтото место меѓу земјите со најголеми резерви злато. Повеќе од неа имаат САД, Германија, Италија и Франција.
„Зад руското купување на златото стои геополитичка стратегија. Кремљ сака сѐ помалку да зависи од доларот. Со купувањето на златото, Москва на себе си обезбедува простор за маневрирање во случај на воведување на нови санкции. Златото е призната меѓународна валута. Затоа, Русија со златото прави алтернативна доминација врз доларот“, оцени германскиот лист.
Чепиц на крајот потенцираше дека на купувањето злато се „фрлиле“ и други земји, како што се Турција, Бразил и Казахстан од проста причина, бидејќи поседувањето злато е „еден вид декларација за независност од САД“.Коментаторот на овој лист, Холгер Чепиц, прецизира дека Русија и Кина сериозно работат на создавање на „противтежа на хегемонијата на америка

Пронајдете не на следниве мрежи: