Да, добро прочитавте! Нова програма за исхрана, која станува се повеќе популарна на социјалните мрежи ќе ви овозможи секојдневно да јадете тестенини, компири, плескавици и други вкусни „гревови“, а притоа да ослабнете. Клучот за успехот на оваа „не-диета“ лежи во вистинското распоредување на еден оброк и сето е многу едноставно за придржување.
Да, добро прочитавте! Нова програма за исхрана, која станува се повеќе популарна на социјалните мрежи ќе ви овозможи секојдневно да јадете тестенини, компири, плескавици и други вкусни „гревови“, а притоа да ослабнете. Клучот за успехот на оваа „не-диета“ лежи во вистинското распоредување на еден оброк и сето е многу едноставно за придржување.
Сите диети се ефикасни – само прашањето е како можете да ги почитувате. Најголемиот проблем на повеќето диети е дека цело време се чувствувате како да сте морале да се откажете од нешто, па поради тоа брзо го губите распоредот и отфрлувате се од оние нездрави деликатеси кои ви беа забранети.
Потоа се појави „не-диета“ која ви ветува дека за шест недели ќе изгубиле 6 килограми јадејќи крофни, хамбургери, тестенини, чоколадо – па дури и алкохол!
За време на диетата треба да имате три оброци на ден и секој оброк треба да припаѓа во една од овие три групи. Не е важно дали појадокот ќе ви биде „жолто“, а за вечера „црвено“ или обратно – важно е само секој ден да имате жолт, портокалов и црвен оброк. Видете што припаѓа на таа листа.
Црвени оброци (600-800 калории)
Ова ќе биде вашата омилена храна, така што буквално можете да јадете што сакате – се додека има помалку од 800 калории. Тие вклучуваат хамбургери, тестенини, помфрит, пица со колбаси, англиски појадок, кари со пилешко и генерално, сета солена храна со помалку од дадениот број на калории.
Ако немате време да го подготвите оброкот, одлучете се за некој од овие брзински варијанти.
Сендвич со сланина (780 калории)
Шпагети болоњезе (803 калории)
Портокалови оброци (400 калории)
Портокаловите оброци вклучуваат малку полесна храна која сè уште може да биде убаво да ве исполни, а 400 калории се повеќе од доволно за да ви го задржат чувството на ситост неколку часа. Тука може да изберете – од овошје, јогурт и мусли, до макарони со сирење. Некои од оброците кои, исто така, спаѓаат во оваа категорија се рибата со интегрален ориз, салата со туна и крекери или, во крајна линија, се што ќе ви понуди интернетот како решение под 400 калории (ќе се изненадите од она што се може да се јаде за толку малку калории, ако сте разумно вешти во кујната).
Ако, сепак, вие немате многу време за подготвување, повторно имаме две брзи предлога.
Сендвич со туна (околу 390 калории)
Тост и сок (300 калории)
Жолти оброци (помалку од 210 калории)
Овие се најдиеталните оброци на листата, а и се ‘уште се многу вкусни. Кој не го сака вкусното смути од банана, салата од сардини и домати или пржени јајца со сезонска салата? Иако 200 калории звучат како сосема малку, вие всушност можете да направите повеќе од задоволувачки оброк!
Омлет со печурки (180 калории)
Грчка салата (195 калории)
Закуски и алкохол
Ако со некои диети морате со неколку недели да избегнувате сето она што е слатко и вкусно –„не-диета“ ви овозможува три пати неделно да се поластите со нешто слатко. Меѓутоа, ако не сакате слатки – наместо тоа, може да се напиете една чаша од вашуит најпосакуван алкохолен пијалак или да изедете некоја нездрава солена закуска.
За „слаткиот грев“ смеете да земете буквално што сакате, без разлика дали е купечко или сами сте го подготвиле, само е важно да се следи едно правило – мора да има помалку од 210 калории! Ова вклучува чипсови, една крофна, чоколада, мал дел од тортата, чаша вино или шампањ или џин и (диетален) тоник.
Пожелно е да се вежбате пати неделно, а оние кои се обиделе тврдат дека за шест недели, навистина може да се изгубат шест килограми, а притоа воопшто нема да се чувствувате како да сте на диета шест недели!