Диета според крвната група

Ако човек се храни според сопствената крвна група останува долго телесно млад. Диетите според крвната група ви дават престава за тоа која храна, пијалоци и прехранбени додатоци најдобро се разградуваат и усвојуваат во вашиот организам. Секоја крвна група има различен метаболизам, на кој му се потребни разлочни витамини и минерали.Тие диети се успешни и во борбата против ракот. Погодни се во комбинација со хомеопатија или билки, бидејќи имаат лектини кои ги убиваат клетките на ракот. Од голема полза се и за луѓето со следните болести: болести на кардиоваскуларниот систем, дијабет, болести на црниот дроб, астма, алергии, синузити, болести на бубрезите, висок холестерол, висок крвен притисок, артрит, гастрит, чир на желудникот и дванаесетпалачното црево, колит итн.
Диетите според крвите групи се базираат на неколку групи на храна: месо, дивеч, птици, морска храна, млечни продукти и јајца, масло и масна храна, јаткасти плодови, бобови растенија, леб и тестенини, зеленчук, плодови, соја, зачини итн. Исто така, тука можат да се вбројат различни сосови и други течности, сушени зачини и чаеви.
Во зависност од дејството кое го имаат во човечкиот организам (различно при секоја крвна група) тие храни се делат на 3 групи:
Препорачани (со терапевтско дејство)
Неутрални
Да се избегнуваат (поради дејството на лактините)
Исхрана за крвна група 0
Претставниците на оваа крвна група имаат добар дигестивен систем и полесно ги разложуваат протеините од животинско потекло, па затоа најмногу им се препорачува да консумираат месо.
Освен месо, потребно е да консумираат и овошје и зеленчук, а да ја сведат консумацијата на јаглехидрати на минимум. Најдобрите диети за крвната група 0 се оние кои содржат многу протеини и малку јаглехидрати, а во кои се избегнува консумирањето на млечни производи.

 

Овие луѓе се подложни на одредени болести, како чир и проблеми со тироидната жлезда. Претставниците на оваа група имаат многу поголемо ниво на стомачни киселини од другите, па чировите се последица на тоа. Исто така, почесто страдаат од замор, задржување
 на течности во телото и зголемување на телесната тежина.
Некои веруваат дека крвната група влијае и врз карактерот. Се смета дека претставниците на крвната група 0 се одговорни, имаат лидерски способности, организирани, решителни, објективни и практични. Но, кога се под стрес, покажуваат знаци на бес, хиперактивност и импулсивност.
 
Исхрана за крвна група Б
Луѓето со крвна група Б можат да јадат многу различни типови храна без никакви проблеми. Тие имаат добар дигестивен систем, но треба да избегнуваат пченица, пченка, елда, леќа, домати, кикирики и семе од сусам ако сакаат да го избегнат трупањето на килограми. Овие продукти влијаат негативно врз ефективноста на метаболизмот и придонесуваат за појавата на замор, задржување на течности во телото и опаѓање на нивото на шеќер во крвта по оброците. Исто така, за оваа крвна група пилешкото месо треба да биде на листата на забранета храна. На листата на храна која го поттикнува слабеењето се наоѓаат зелените зеленчуци, јајцата, „добрите“ меса (јагнешко, зајачко, еленско, овчо) и млеката и млечните производи со мал процент на масти.
 Луѓето со крвна група Б се подложни на одредени болести како автоимуни заболувања, лупус, мултиплекс склероза, синдром на хроничен замор. Д’Адамо смета дека претставниците на оваа крвна група многу повеќе од останатите можат да го намалат ризикот од болести и да бидат во топ форма ако се придржуваат кон соодветна диета. Се смета дека луѓето со крвна група Б се креативни, оригинални, флексибилни, субјективни и комуникативни. Тие имаат и многу силна интуиција.

 

Исхрана за крвна група АБ
Крвната група АБ е исклучително ретка, само 4-5% од луѓето се претставници на оваа група. Во исто време таа е и најновата крвна група. Поголем дел од храната која што е лоша за крвните групи А и Б е лоша и за крвната група АБ, но постојат и исклучоци.
Доматите, кои воопшто не се препорачуваат за крвната група Б, може да се користат во исхраната на групата АБ. Луѓето со крвна група АБ треба да избегнуваат алкохол и кафе, особено во стресни ситуации.
Ако претставниците на оваа група сакаат да слабеат, тогаш треба почесто да консумираат тофу, морска храна, зелени зеленчуци и млечни производи, а да избегнуваат чадени меса. Луѓето со крвна група АБ се емотивни, пријателски расположени и особено страсни кога станува збор за нивните верувања.
Исхрана за крва група А
Луѓето со крвна група А имаат чувствителен дигестивен систем и тешко можат да ги обработуваат протеините од животинско потекло. Затоа, треба да избегнуваат месо, млеко и млечни производи и да се насочат кон исхрана богата со житарки, мешунки, овошје и зеленчук.
На многу луѓе им е тешко да се откажат од вкусните порции со помфрит и месо и да ги заменат со растителни протеини, но Д’Адамо тврди дека токму тоа ќе им помогне на претставниците на групата А да имаат подобро здравје, подолг живот и повеќе енергија, а и да ја одржат својата линија.
 Доктори.мкТие диети се успешни и во борбата против ракот. Погодни се во комбинација со хомеопатија или билки, бидејќи имаат лектини кои ги убиваат клетките н

Пронајдете не на следниве мрежи: