Романскиот спортски медиум „ДигиСпорт.ро“ пренесува ексклузивна информација со која наводно предупредува дека доколку Стеауа биде банирана од Европските натпреварувања на 2 сезони, тогаш постои резервна опција да Романија сепак има свој претставник во Лигата на Шампионите, тоа е екипата на Пандури, која заврши како второпласирана во Романскиот фудбалски шампионат, заостанувајќи цели 16 бода зад Стеауа.
„ДигиСпорт“ пренесува дека претседателот на Романската Фудбалска Федерација, Мирчеа Санду, во изјава за „Медиафакс“ кажал дека доколку Стеауа биде банирана од Европските натпреварувања, Романија сепак ќе има свој претставник во Лигата на Шампионите, токму екипата на Пандурил би го завземала местото на Стеауа.
Се чини дека се поизвесно е дека Македонскиот претставник во Лигата на Шампионите, екипата на Вардар, сепак ќе има противник во втората рунда од квалификациите за ова големо натпреварување, останува отворено прашањето кој ќе биде противник на шампионот на Македонија.Романскиот спортски медиум „ДигиСпорт.ро“ пренесува ексклузивна информација со која наводно предуп