ЏИХАДИСТИТЕ ПОВТОРНО КОЛАТ: Платете ни 200 милиони долари за 72 часа или…

Џихадистите од Исламската држава денес објавиле видео снимка, со барање да им се исплати откуп од 200 милиони долари во наредните 72 часа или во спротивно ќе ги убијат двајцата Јапонци кои ги држат како заложници.Видео снимката била објавена на веб страната на бунтовниците поврзани со Исламската држава.
На снимката се гледаат двајцата заложници во портокалови одела, а експертите ги идентификувале како Кенџи Гото Џогоа и Харуна Јукава.Мажот кој барал откуп звучел како Британецот вмешан во останатите обезглавувања на заложниците кои биле киднапирани од ИСИС, терористичката група која контролира една третина од ирачката и сириската територија.Тој рекол дека Јапонците биле киднапирани поради поддршката на воените акции на Западот против Исламската држава.”Гордо дониравте 100 милиони долари за убивање на нашите жени и деца, за уништување на муслиманските куќи”, рекол терористот.Припадниците на ИСИС и претходно убивале заложници од западните држави, но ова е прв пат да се закануваат со убиство на Јапонци.Јапонските власти засега не ја коментирале оваа снимка.Исламската држава контролира големи делови од Ирак и Сирија, во кои вовела калифат.Видео снимката била објавена на веб страната на бунтовниците поврзани со Исламската држава.
На снимката се гледаат двајцата заложници во по

Пронајдете не на следниве мрежи: