Терористите на ДАЕШ објавија видео снимка на која џихадистите на француски јазик се закануваат со напади против Западот и егзекуции на отпадниците и шпионите во Ирак.Терористите на ДАЕШ објавија видео снимка на која џихадистите на француски јазик се закануваат со напади против Западот и егзекуции на отпадниците и шпионите во Ирак.
Снимката е објавена на веб-страниците на џихадистите, а се наведува дека тоа го направила медиумската служба ДАЕШ во ирачката провинција Нинава, пренесува АФП.
Џихадистот на снимката, што зборува на француски јазик, носи маска, воена униформа и пиштол, а под маската може да се види неговата руса коса.
Очигледно, видеото било снимено по нападите во Париз од 13 ноември, во кој загинаа 130 лица, а одговорноста ја презеде ДАЕШ.
Џихадисти на снимката се закануваат дека ДАЕШ ќе изврши напади, за кои Запад ќе ги заборави нападите од 11 септември 2001 година во САД, како и масакрот во Париз.
Тој, исто така, тврди дека коалицијата предводена од САД, која се бори против ДАЕШ во Сирија и Ирак нема да биде во можност да ја победи оваа џихадиска група, пренесува АФП.Терористите на ДАЕШ објавија видео снимка на која џихадистите на француски јазик се закануваат со напади против Западот и егзекуции на отпадниците



