Работодавците што ќе вработат корисници на социјална помош ќе добијат субвенции во висина од 80 отсто од висината на социјалната парична помош, соопшти министерот за труд и социјална помош, Диме Спасов.„За вработените лица по овој основа се гарантира исплата на минимална плата за период од 24 месеци со обврска работодавецот да го задржи на работа уште дополнителни 24 месеци“ – изјави Спасов, кој се обрати на работилницата „Социјално претприемништво, можности и предизвици“ во рамки на проектот „Техничка поддршка на граѓанските организации –ТАКСО“, финансиран од Европската унија.
Тој истакна дека Владата води стратегиска политика на зголемени можности за вработување разни категории на лица кои потешко се пробиваат на пазарот на труд од објективни причини, гради основа за можности на зголемена понуда на нови работни места, намалување на сиромаштијата и јакнење на социјалната инклузија.
– Во периодот од 2007 до 2013 година преку активните програми и мерки за вработување се опфатени 54.958 невработени лица и се постигнати 30.524 вработувања. Во функција на успешно спроведување на политиките и програмите за вработување, донесен е Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2014 година кој вклучува програми и мерки со цел активација на пазарот на трудот и креирање работни места преку стимулирање на побарувачката на пазарот на трудот, усогласување на понудата и побарувачката на работна сила, подобрување на понудата на работната сила, како и намалување на сивата економија. Во самиот Оперативен план преку програмите за самовработување, субвенционирано вработување, практика, обука кај познат работодавец, обука за побарувани вештини на пазарот на труд, прва шанса и други само оваа година ќе се опфатат над 4000 невработени лица, а посебно приоритетно место имаат ранливите категории граѓани, долгорочно невработените лица, децата без родители, жртвите на семејно насилство, младите лица – рече министерот Спасов.
Спасов потсети дека работодавците од приватниот сектор што ќе вработат невработени лица до 29 години возраст со полно работно време, ќе бидат ослободени од плаќање придонеси од задолжително социјално осигурување.„За вработените лица по овој основа се гарантира исплата на минимална плата за период од 24 месеци со обврска работодавецот да го задржи на р