Димков: Историјата ќе покаже за исправноста на одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов

Намерата да го девалвирате Претседателот Иванов нема да ви успее. Тој е докажан дравник. Штетата која, ако ја мериме во евра може да биде и 5 и 10 милиони евра од шарената револуција, меѓутоа штетата која може да се мери во севкупниот развој и просперитетот на државата е многу поголема, ќе не врати многу назад, а за тоа многу придонесувате. Кога зборувате за поданици, кога зборувате за предавници, да ве прашам јас, што сте вие? Поданик или предавник. Кога го предадовте Кичево. Како ќе се вратите и дали вие дадовте поддршка за референдумот? Дали бевте за територијалната поделба на Македонија? И вие сега ќе кажувате кој е поданик и предавник! Не ви е страм на сите вас што ја продадовте Македонија? И вие ќе кажувате сега дека барате правда. Која правда ја барате вие, ги запраша пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Трајчо Димков своите колеги од СДСМ на денешното продолжение на собраниската расправа за импичментот на Претседателот Ѓорѓе Иванов.Димков во продолжение посочи дека одлуката на Иванов била со цел помирување и завршување на политичката криза која што требаше да ги заштите државните интереси но и да ги елиминира безбедносните ризици до бегалската криза.
Историјата ќе покаже за исправноста на одлуката на Претседателот Ѓорѓе Иванов. Со постапката за помилување од страна на Претседателот на Република Македонија не се заштитуваат само помилуваните лица туку на непосреден начин се заштитува и државата, вие знаете всушност што е тоа. Се заштитуваат интересите на државата но и интересите на сите македонски граѓани. Мое мислење е дека со помилувањата ќе се придонесеше за надминување на актуелната политичка криза, а што е особено важно во контекст и на постоечки безбедносни ризици од бегалската криза. Што е сега многу интересно одликата за помилување е повлечена во моментот, но единствен што остана помилуван е вашиот лидер . Тој е една од причините поради што Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов ја донесе одлуката за помилување, а по молба на вашиот лидер.Мора да признаете дека одлуката за помилување е апсолутно правно издржана но намерата да ги изманипулирате граѓаните нема да ви успее. За среќа ве препознаа одамна како функционирате.Димков во продолжение посочи дека одлуката на Иванов била со цел помирување и завршување на политичката криза која што требаше да ги заштите државн

Пронајдете не на следниве мрежи: