Кандидат за премиер на Македонија со кој ќе настапи ВМРО-ДПМНЕ на предвремените парламентарни избори ќе биде Никола Груевски, а за кандидат за премиер на Владата која е задолжена да ги спроведе овие избори ќе биде генералниот секретар на партијата Емил Димитриев.Ова се одлуките на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ кои ги соопшти Илија Димовски, член на ИК.
-Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ му дава целосна поддршка на претседателот на партијата Никола Груевски во постапките и чекорите кои ги превема за одржување на предвремените парламентарни избори на 24 април 2016 година. Исто така, Централниот комитет донесе едногласна одлука за кандидат за премиер на РМ со кој ќе настапиме на предвремените парламентарни избори да биде Никола Груевски, а за кандидат за премиер на Владатa која е задолжена да ги спроведе овие избори ќе биде генералниот секретар на партијата Емил Димитриев. Станува збор за сериозен и одговорен човек кој што својот професионален ангажман до сега го има докажано на повеќе позиции и цениме дека целосно и одговорно ќе ја извршува оваа функција на премиер на Владата која ќе спроведе предвремени парламентарни избори, истакна Димовски.
Нашата намера, подвлече Димовски, е да го затвориме овој деструктивен и негативен период во развојот на Македонија и соодржувањето на предвремените парламентарни избори да се сконцентрираме на работите кои граѓаните ги очекуваат од нас, на отворање на нови работни места, нови фабрики, нови странски инвестиции, продолжување со интензивната инфраструктурна обнова и изградба на Македонија.Ова се одлуките на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ кои ги соопшти Илија Димовски, член на ИК.
-Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ му дава