Димовски до Спасовски: Човекот кој го поставивте во Битола не можел да открие ниту кој му го запалил неговиот автомобил додека бил началник

Несправувањето со одредени задачи, односно пронаоѓање на крадци, според техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски била главна причина за смена на раководителите на секторите.Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски на седницата посветена на пратеничките прашања одржана во четвртокот од Спасовски побара објаснување на разрешувањата во МВР, на што техничкиот министер се осврна само на началниците кои што беа заменети, без да ги спомене новоименуваните началници. Димовски побара и одговор од Спасовски за тоа по кој принцип се назначени новите началници бидејќи, како што рече извршено е класично прекршување на Законот за внатрешни работи.
-Одлучивте да смените повеќе началници на сектори и одлучивте да унапредите над десетина, веројатно ваши партиски лица спротивно на Законот за внатрешни работи. Во Куманово назначивте за началник лице кое што до сега било полицаец што досега не е видено во историјата на МВР, од полицаец да биде унапреден толку скалила и да биде назначен за началник на сектор. Во Битола назначивте лице кое што исто така кога сте дошле на власт 2002 година било назначено за началник на секторот во Битола но бил разрешен за само 6 месеци. Во Скопје назначувате човек кои што е класична инсталација од редовите на СДСМ.
Началник во Охрид назначувате човек за кои што не знаеме многу освен ви бил колега и близок пријател додека сте студирале во Скопје. Ми велите во Охрид охриѓанец, во Куманово кумановец, ама во Скопје зошто ставите велешанец за началник? Принципот што ми го продавате за Охрид и Куманово не ви држи за Скопје. Дополнително ништо не кажавте за тоа што тој господин е потпишуван на барања од СДСМ за организирање на митинзи. Човек кој што бил во партијата во хиерархија. Човек кој во име на партијата пријавува протести вие го ставате за началник на СВР Скопје. Во Велес е назначен началник кој што никој не го знае, ниту колегата Марјан Николов ниту јас ниту колегата Коџобашиев ниту пак некој од Велес. Вие не назначивте лице од Велес туку носите некој надвор од Велес, рече Димовски.Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски на седницата посветена на пратеничките прашања одржана во четвртокот од Спасовски побара објаснување на раз

Пронајдете не на следниве мрежи: