Димовски: Главна концентрација на ВМРО-ДПМНЕ и на овие избори е отворање на нови работни места и фабрики

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, гостувајќи во „Аргументи“ на ТВ Нова говореше за кампањата на владејачката партија, потврдувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ и по овие избори ќе продолжи со истото темпо како и досега.-Главна концентрација на ВМРО-ДПМНЕ и на овие избори е отворање на нови работни места, отворање на нови фабрики. Од исклучителна важност е намалувањето на невработеноста, што од 38% се намали на 24%, а колку помала е невработеноста, толку повеќе ќе се зголемува трката по квалитетна работна рака односно таа трка ќе создаде притисок за зголемување на платите, истакна Димовски.
Тој додаде дека граѓаните не веруваат во нови ветувања, ако на нив не им претходат исполнети ветувања, односно реализирани проекти.
-Ако граѓаните нè слушаат што ветуваме, без да ни го знаат историјатот на исполнети ветувања, нема да веруваат во тоа. Прашањето е во кредибилитетот на кажаниот збор, а кредибилитетот се состои од тоа дали се отворени нови работни места, фабрики, дали се реконструирани голем број на болници, дали има нова медицинска опрема, дали се градат регионални, локални, експресни патишта и автопати, дали е намалена невработеноста, дали се градат градинки, колкав е бројот на студенти. Тие прашуваат дали се даваат субвенции, или не, дали е зголемена социјалната помош, пензииите, просечната плата, дали воведовме минимална плата прв пат и колку пати ја зголемувавме. Ако ги земете програмите на ВМРО од претходните избори и ги споредите со оние на ВМРО-ДПМНЕ од изборите во 2006-та со 2008-ма ќе видите дека огромен процент на остварувања, односно 95 % од она што го пишува во програмата го има во отчетот, и тој мал процент на нереализирани работи го има во отчетот со причини зошто не е реализиран, објасни Димовски.-Главна концентрација на ВМРО-ДПМНЕ и на овие избори е отворање на нови работни места, отворање на нови фабрики. Од исклучителна важност е намалува

Пронајдете не на следниве мрежи: