Прашањето дали диносаурусите биле топлокрвни како цицачите и птиците, или биле ладнокрвни како влекачите, рибите и амфибиите, најпосле го доби соодветниот одговор – некогашните владетели на Земјата спаѓаат во „средната“ класа меѓу нив, пренесоа агенциите, повикувајќи се на публикација во списанието Сајанс.Авторите на оваа студија направија проценка на метаболизмот на бројни диносауруси, користејќи формула заснована врз нивната телесна маса која се пресметува врз основа на големината на бедрената коска и процентот на раст. За нив, научниците проценуваат според растот прстените во фосилизираните коски, кои потсетуваат на оние кај дрвјата.
Специјалистите анализирале 21 видови на диносауруси, меѓу кои грабежливците тираносаурус и алосаурус, тревопасниот апатосаур, тенонтосаурусот и троодонот, како и голем број на цицачи, птици, коскени риби, ајкули, гуштери, змии и крокодили.
„Резултатите од истражувањето покажуваат дека метаболизмот и растот кај диносаурусите не се карактеристични ниту за топлокрвните, ниту за ладнокрвните организми, туку ги стават во „средната “ класа меѓу современите топлокрвни и ладнокрвни суштества. Поинаку кажано, диносаурусите имале физиологија каква што не се среќава во современиот свет“, објаснува Брајан Енкуист, кој е дел од истражувачкиот тим од Универзитетот на Аризона.Авторите на оваа студија направија проценка на метаболизмот на бројни диносауруси, користејќи формула заснована врз нивната телесна маса која се пр