Боранија со чадена сланина и тиквици со чадена сланина па се заедно. Вистинско летно јадење дополнето со вкус на сланина. Две варива во едно, освен сланина можете да додадете било какво чадено месо, за јадењето да биде повкусно.Состојки:
500 гр боранија
650 гр тиквици
450 гр чадена сланина
2 главици кромид
1 морков
1 чешне лук
200 мл доматно пире
120 мл масло
500 мл вода
Мајчина душица
Бибер
2 ловорови листа
Сол по вкус
Подготовка:
Пропржете ја исечканата сланина на масло па извадете ја, а маслото оставете го.
На маслото додадете му го ситно исечканиот кромид па продинстајте го десетина минути.
Пото додадете го исечканиот морков, додадете малку вода па оставете се заедно да се динста уште 10 минути. После тоа вратете ја сланината, па додадете ја боранијата и тиквиците, прелијте со вода, додадете го ловоровиот лист и посолете па оставете да се крчка околу 1 час.
Петнаесетина минути пред крај додадете го доматното пире и ситно исечканиот лук.
На крајот додадете малку бибер и мајчина душица, може и магдонос, па пробајте и досолете ако е потребно.
Добар апетит!Состојки:
500 гр боранија
650 гр тиквици
450 гр чадена сланина
2 главици кромид
1 морков