Дипломат на служба против Македонија „Димитров“

Има еден еклатантен пример за Македонците кои целата своја енергија ја насочуваат против Македонија. Македонци кои сета своја умешност, сите врски и познанства, целиот свој потенцијал и талент го ставаат против македонскиот народ. Таков е Никола Димитров, односно Никола Димитар Димитров. Човек што сите настани, сите избори и сите кризи во Македонија ги помина скриен во кабинетите, министерства и амбасади. Момак што сите функции ги добиваше на тацна, а битките ги гледаше од сигурна дистанца.По потреба ВМРО-вец, а по потреба соработник на СДСМ, заљубеник во ликот и делото на Бранко Црвенковски, а сега и во неговиот наследник. Човек кој игра на сигурно, студен дипломат, кој последнава година, единствената активност во животот ја покажува во обид да се сруши македонската држава и да се згази волјата на македонскиот народ.
Почнува во Министерството за надворешни работи (МНР) во 1996 година како кадар на Љубомир Фрчкоски, негов пронајдок и негово дете. Тоа е истиот Љубомир Фрчкоски што како министер за внатрешни работи  донесе  одлукa на  МВР за следење на Политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и водење на стотици досијеа за членовите на партијата, како и сите оние што се блиски или соработуваат со неа, од идеолошки причини. Сведоштво за тоа се илјадници страници на документи, а македонската историја ја даде пресудата со лустрација на противзаконските практики на Фрчкоски и другите. Такво нешто не се случило во историјата на Европа по падот на берлинскиот ѕид и представува најгрубо кршење на фундаменталните човекови права и слободи. Тоа е демократскиот капацитет на Љубомир Фрчкоски, како политички ментор на младиот Никола Димитров. Фрчкоски заврши во МВР со липицанерите, Реј Бан очилата, уметничките слики и со Грилакис подароците, па реши да помине од МВР во МНР. Таму си го донесе младиот Димитров, со кој ќе остане долги години политички сојузник, особено во време кога двајцата беа ангажирани во кабинетот на Борис Трајковски во 2001 година.
На изборите 1998 година победува ВМРО-ДПМНЕ на Љубчо Георгиевски. Младиот Никола Димитров веднаш фаќа приклучок. Одеднаш станува голем ВМРО-вец. Тогаш Министер за култура во владата станува неговиот татко Димитар Димитров .
Кога Борис Трајковски стана претседател на државата пo вториот, третиот и четвртиот круг на претседателските избори кои се одржуваа и прегласуваа во октомври, ноември и декември 1999 година, младиот Димитров станува заменик министер за надворешни работи во почетокот на 2000 година.
Сака да глуми принципиелност, па во англиското издание на Википедија самиот или некој во негово име му напишал дека „поднесува оставка од функцијата во Владата поради отворањето на односите со Тајван“. Има мал проблем во оваа голема лага. Признавањето на Тајван се случува во декември 1998 година, во првиот месец на Владата во која влезе ДА на Васил Тупурковски. Во Владата што го призна Тајван министер за образование беше неговиот татко Димитар Димитров.
Кога стана советник на Борис Трајковски воопшто не му пречеа опсорувањата на легитимноста на изборите на кои Борис стана претседател. Додека принципиелниот Никола Димитров е во кабинетот на Борис Трајковски се случуваат две амнестии. Едната  во јануари 2001 година за Доста Димовска и Александар Цветков во предистражна постапка за случајот „Прислушување“.  Таа местенка беше направена од Верушевски, како вовед на СДСМ во разградувањето на безбедносниот систем и поткопување на одбраната во 2001 година. Но принципиелниот  советник не реагираше на таа амнестија.
Втората амнестија беше на Борис Трајковски за околу 10.000 припадници на ОНА. Младиот кариерист Никола Димитров како советник за национална безбедност амнестијата ја оценуваше како добра, издржана и како позитивен чекор. Принципиелниот советник не реагираше ни на таа амнестија.
После тоа надежниот кариерист во декември 2001 година заминува во Вашингтон како амбасадор, подржан од Владата на ВМРО-ДПМНЕ и од претседателот на државата Борис Трајковски. Синот станува амбасадор во Вашингтон, а таткото во Москва. Koментарите беа, aјде, нека му се прости, нека му се даде уште една шанса, нека биде најмладиот од сите 200 амбасадори во Вашингтон, тој е малиот на Ратка и Димитар Димитрови. Ратка, која членството на ВМРО-ДПМНЕ ја направи пратеник во 1990 година. Членството на ВМРО-ДПМНЕ напорно изработи на  изборите и Ратка Димитрова стана пратеник.
Димитар Димитров пак иако е самопрогласен „дисидент“, нема поминато ниту еден ден во затвор за време на  комунизмот, кога многу “дисиденти” ги загубија своите животи. Зa разлика од нив тој извонредно функционирал во комунизмот. Дисидент кој неколку пати рекол дека е либерал, а после  завршил во конзервативна и демохристијанска партија. Некогаш Македонец, а некогаш со благонадежни чувства. Стариот Димитар Димитров денес повторно ни се продава за некаков дисидент, учествувајќи во емисии на 24 вести и други опозициони медиуми зборувајќи против денешниот “режим”
Toj е „Македонец“, за кој бугарската Википедија пишува дека е „политик с’с изјавена б’лгарска ориентација“. Стариот „политик“  не го демантира тоа, веројатно затоа што се согласува дека е така.
Синот Димитров, исто така,  денешната демократија во Македонија ја нарекува „режим“,  за него не е режим комунизмот во кој неговиот татко иако бил дисидент напредувал Сега мора да одработува. И дење и ноќе мора да пишува текстови, колумни, дописи, маилови, твитови, да учествува на тркалезни маси. А го мрзи и не му се допаѓа сето тоа зашто тој сака пофини работи, порафинирани. Наместо да пишува анализи за светските проблеми, наместо да го праќаат на фини конференции по светските дестинации, на 5 различни континенти, тој мора да се занимава со Македонија. Неговите нови газди бараат веднаш резултати во Македонија. Бараат активизам од мрзливиот Никола Димитров, затоа што очигледно само тоа го работи. Бараат од него норма, па тој мора да работи како никогаш до сега. Мора да твита, да биде на Фејсбук, да дава изјави, да држи говори, да се слика со мегафони. На стари години да глуми запален тинејџер во револуционерен занес. Тоа е нормата, тоа е нарачката, тоа е платата. Мора да се одработи. Мора да докаже дека тој е “експерт” во кој вреди да се инвестира.
По фамозниот 15 Септември 2002 година, кога на власт доаѓа Бранко Црвенковски тој е доволно прагматичен, понизен, а во исто време импресиониран. Почнуваат разговорите и дружењето, се точи Џони Вокер, започнува едно ново пријателство. За свој успех ќе си го припише признавањето од САД под уставното име, иако таа заслуга им припаѓа на оние 150.000 граѓани кои се потпишаа на иницијативата за референдум за територијалната поделба, за Кичево, за Струга, за двојазичност во Скопје и против укинувањето на повеќе мали општини што потоа целосно се запустија. Заслугата за тоа признание им припаѓа на оние Македонци кои тогаш беа подготвени да излезат на референдумот, затоа што анкетите навестуваа 60 отсто излезност, а признавањето дојде во четврток, еден ден пред да се прогласи изборниот молк, односно три дена пред гласањето. Тоа признавање е голем успех и признание за Македонија, но заслугата не е на Никола Димитров.
Откако СДСМ ги загуби изборите во 2006 година, тој повторно се вовлекува кај ВМРО-ДПМНЕ, во стариот бунар во кој толку многу плукаше. Бара средби со Никола Груевски, фаќа приклучок, се труди. Партијата го прифаќа, иако со години не мрднал со мал прст за неа, а му даде толку многу и нему, и на неговото семејство.
Во 2007 година Станува советник за национална безбедност на Никола Груевски, тој опасен диктатор кој 10 години победува на сите можни избори. Таа режимска авторитарна влада го праќа кутриот Димитров за специјален претставник во Брисел во 2007 и 2008 година. Долги години пред тоа беше и преговарач за името. Ако е толку лесно да се реши името, зошто генијалниот и рафиниран дипломат не го затвори тоа прашање. Зарем тој не можеше да ги убеди наследниците на андартите од неговото Цакони (Воденско) дека треба да ја прифатат Македонија и дека им е време после векови негирање да го прифатат македонскиот народ?
“Режимот” на Никола Груевски во 2009 година го испраќа уште еднаш како амбасадор, овој пат  во Холандија. Голема плата, убава амбасада, одлична дестинација. Животот е розов, времето е забавно и Никола Димитров останува амбасадор во Кралството Холандија цели 4 години, до 2013 година. Потоа, добива нова понуда и прифаќа да биде амбасадор на Македонија во Москва, но одеднаш ja одбива во февруари 2014 година, веројатно поради подобра и поисплатлива понуда .
Додека врз ВМРО-ДПМНЕ се случуваат медиумски хајки, додека врз целата гарнитура се удира со дрвја и камења, ниту еден медиум близок до СДСМ нe го напаѓа  Никола Димитров. Дури и Коља Мрак му пишува совети дека треба да ја преземе ВМРО-ДПМНЕ, како политичар со европски манири, иако работите во партијата не функционираат на тој начин. Покрај тоа што амстердамската тројка помина прилично неславно и стана единица, тој е, посакувана варијанта на СДСМ за контролa na ВМРО-ДПМНЕ, нивниот спијач, кој деновиве го гледаме во своето вистинско светло.
Случајно или не, во тоа време наголемо се подготвуваат бомбите и ударот врз македонската влада. Случајно или не, во тоа време се работи на операцијата на СДСМ за рушење на владата и “пуч” односно државен удар во Македонија.
Случајно или не, во март 2014 година добива вработување во Хашкиот институт за глобална правда. На таа тема, нека објасни самиот дали е обичај амбасадорите  да остануваат во земјите во кои биле дотогаш на служба. Се работи за респектабилна институција, во која главен финансиски поддржувач е владата на  Холандија. Кралството е главниот финансиер на овој респектабилен институт во кој работи и заработува амбициозниот Димитров.
Одеднаш тој станува прилично активен. За прв пат во неговите 43 години, од кои дваесет на престижни работни места, се појавува на некаков јавен собир или митинг,   конечно тој има став за нешто. Неговиот став е дека македонската влада е корумпирана и авторитарна и дека страшниот диктатор Никола Груевски треба да си замине, затоа што така одлучил Никола Димитров и неговиот чадор.
До тогаш ретко ги користи социјалните мрежи но изненадувачки одлучува да се активира на Фејсбук и на Твитер. Неговите постови на Фејсбук се платени реклами т.е. се појавуваат како реклама која треба и мора да се плати во централата на Фејсбук. Тоа се прави за да се постигне поголема видливост и подобар резултат. Кој и зошто ги  плаќа  неговите реклами сеуште не е познато, но наскоро ќе стане, како што тоа се случи со Верушевски.
Toј сеуште се представува како ВМРО- вец иако учествува на митинзите на СДСМ,. Toa e намерата да се урне ВМРО-ДПМНЕ од внатре. ВМРО-вец кој ниту еднаш не влегол во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, кој не бил на ниту еден митинг или собир на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што порано беше професионалец, а не партиски војник. Можеби некогаш влегол како дете кога мајка му го водела за рака. Сето тоа што го прави е резултат на политичкото неискуство, поради поранешното дистанцирање од партијата. Таа не функционира така. Има 3000 месни комитети, од кои барем половина треба да го подржат. Само да ги посети комитетите му требаат неколку години. Иако, на последниот легален и легитимен партиски конгрес пред една година делегатите му дадоа едногласна подржка на актуелниот председател Никола Груевски.
Експериментот со “Амстердамската тројка” не му донесе ниеден човек од партијата, иако тој се надеваше.  Новата тактика, наметната од неговите ментори за јавни настапи за него беше дегутантна. Таков салонски тип да мора да се измеша со масите е неприродно. Затоа, набргу ги напушти митинзите и се врати на дебатите оргаизирани од опозиционите телевизии, на кои се занимаваше со интриги и озборувања, евидентно непознавајќи ги вистинските прилики во земјава.
Доби можност да напише или да му напишат колумна во водечкиот светски весник “Њу Јорк Тајмс”. Во тој текст немаше ни еден добар збор за Македонија. Во таа  недостојна колумна во која ја резили сопствената земја, од која земал амбасадорска плата и од првото вработување заслужено или незаслужено добивал највисоки привилегии. Компромитирачки текст  пред целиот свет кој ќе биде пример за секој Македонец како  не треба да се биде душман на сопствената земја и народ. Колумна во која нема еден добар збор за Македонија, туку само удари, озборување и омаловажување.
Веројатно некој му аплаудирал за напишаното. Но, Македонскиот граѓанин знае да препознае лоша намера, итрина и пакост. Чудно е како Никола Димитров добива можност да напише колумна во престижен светски весник. Немал таква желба како Амбасадор во Вашингтон или во Холандија, ниту како заменик министер или советник за национална безбедност на претседателот на државата или премиерот, а добива шанса како некаков си соработник на некој институт. Јасна е позадината на сето тоа, но нека му служи на чест.
Во таа колумна пишува дека „во Македонија е итно потребна европска интервенција“. Бара интервенција врз суверенитетот на државата која му овозможи се. Никој досега немал такви привилегии. Евидентно го цитира Заев и ги повторува неговите тези. Сугерира дека „ЕУ треба да го замрзне процесот на приближување на Македонија кон ЕУ“. Бара оставка на владата, вели дека нема демократија во Македонија, а во исто време тој, татко му и мајка му се на сите можни телевизии, протести, портали, вести и социјални мрежи. Мајка му држи говори и го гушка ГТЦ, организира петиции и пишува јавни писма. Можеби нема демократија затоа што тој не ги познава добро состојбите во својата држава, татко му пишува колумни кои никој не ги чита и дава ТВ интервјуа кои никој не може да ги разбере.
Во тој понижувачки текст за Њу Јорк Тајмс нема ниту еден збор за правата на Македонците, па ниту за тие од неговото Цакони (Воденско). Ако не ги смета за Македонци, нека ги нарече како сака, ама нека каже некој збор за нив. Не, тоа не може да се очекува од господинот што работи 24/7 против Македонија и македонскиот народ, а токму од неа доби се што можеше да се добие, па дури и новото место му е кредит од таа држава.  Сега неговиот талент и неговите вештини се насочени кон тоа да се воведат санкции против Македонија. Да се спречи народот да гласа. Да се напакости што повеќе на државата и народот кои со години го одгледуваа и плаќаа. Македонскиот народ  плаќаше за неговите плати, неговите резиденции, неговите сметки, неговите амбасадорски автомобили. Поради тоа, направи углед и го таргетираа неговите нови ментори. Тие проценија дека тој е фигура каја може да одработи валкана игра и око да не му трепне. Нивните вештини за проценка се дека тоа ќе го одработи со мерак и без скрупули.
Својата колумна во Њу Јорк Тајмс Никола Димитров ја завршува со желба и надеж дека повторно ќе и служи на својата земја. После толкава нанесена штета врз Македонија и македонците се поставува прашањето дали тоа е сеуште неговата земја. Нека го провери својот рејтинг во “својата земја”. Нека се одважи, нека собере храброст во својата 44-та година да излезе на избори, откако на 43 години конечно дочекавме да има став за нешто. Не е веќе толку млад, му поминува времето, а толку години  има желба да стане министер.
Својот единствен протест во Холандија го организира против Македонија. Никогаш не организирал протест за Македонија: да биде членка на ЕУ и НАТО, против грчките блокади, за правата на Македонците во Грција, Албанија или Бугарија. Не, тој е тука само да организира протест кога треба да се понижува Македонија и нејзиниот народ кој се дрзнал да ја избере сопствената влада.
Сега му се сојузници наследниците на КПМ според статутот на СДСМ, Вранишковски, Беса, и верските радикали, чесниот Цаноски, чесниот Велија, Соросовите невладини кои се претворија во “шарени”, грчките активисти, фанарјотите од Воденско,  егзархистите од разни страни, и Косоварите со нивното лоби,  екипата на Албин Курти, терористите на Срџа Попович од Канвас со нивните извици “Ајмо Звиждањке” како и сите други “љубители” на Македонија. Сите “љубители” на Македонија на куп, а ликови како Никола Димитров ќе одработуваат за туѓи бели дворови.
Колумна на Александар Даштевски за КурирПо потреба ВМРО-вец, а по потреба соработник на СДСМ, заљубеник во ликот и делото на Бранко Црвенковски, а сега и во неговиот наследник. Човек кој

Пронајдете не на следниве мрежи: