Дипломатите по средбата со ВМРО ДПМНЕ, заминаа во партиското седиште на СДСМ

Амбасадорот на Британија, Чарлс Гарет и британскиот министер за Европа и Америка, Алан Данкан од штабот на ВМРО-ДПМНЕ заминаа во партиското седиште на СДСМ. По средбата, која траеше еден час, двајцата дипломати не сакаа да дадат изјава, ниту да коментираат нешто за состанокот со образложение дека ќе задоцнат на следниот состанок,објави Новатв.
Нема информација со кого од ВМРО-ДПМНЕ се сретнале дипломатите, ниту пак за што се разговарало на средбата. 
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и партијата  се обидуваат да го минираат преговарачкиот процес меѓу СДСМ и ДУИ, обвинувајќи дека прават обиди за дефакторизација на македонскиот народ. 
Од повеќе активисти и членови на ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи се упатуваат апели за силни протести и „преземање“ на работите во свои раце. По средбата, која траеше еден час, двајцата дипломати не сакаа да дадат изјава, ниту да коментираат нешто за состанокот со образложение дека ќе зад

Пронајдете не на следниве мрежи: