Дизајнерска магија на новогодишни елки

Скопје, декември 2013-  Петиот ден на декември, четврток, ќе го разубави несекојдневна изложба на новогодишни елки во „Скопје Сити мол“ дизајнирани поточно декорирани од македонски познати модни креатори, стилисти и модни уредници.Исчекувањето на Новата година е речиси незамисливо без новогодишна елка во секој дом. Дека човековата креативност и имагинација немаат граници а новогодишната елка одамна не е само украсено зимзелено дрво ќе ви покажат: Олгица Ѓоргиева, Јована Филиповиќ, Елена Лука, Роберт Ивановски, Маја Кикириткова, Елена Спасовска, тимот на Stylist.mk, Mikka design на Катерина Микрут, Le brand, Ирина Тошева, тимот на Stylefiles.mk, EVEE на Ивана Цветковска, Стефанија Насеска, Милена Танаскоска моден новинар во списанието Unique, Небојша Толески моден дизајнер и моден новинар во Теа Модерна и тимот на Моден викенд Скопје.

Посетителите ќе можат да го проследат севкупниот процес на декорирање на уникатни новогодишни елки од 18 часот а креаторите на приземјето во трговскиот центар „Скопје Сити Мол“ од 18 до 20 часот ќе имаат и претставување на својот проект пред најмладата публика со корисни совети како сами да направат една поинаква новогодишна елка.
Во „Дизајнерска магија на новогодишни елки“ ќе можете да уживате во текот на целиот месец декември во ТЦ „Скопје Сити Мол“.Исчекувањето на Новата година е речиси незамисливо без новогодишна елка во секој дом. Дека човековата креативност и имагинација немаат граници а но

Пронајдете не на следниве мрежи: