Длабоко сочувство и паричен надомест од вработените на Централен регистар за поплавените семејства

Вработените на Централниот регистар на Македонија изразија длабоко сочувство за семејствата на настраданите во поплавите во скопско.Тие на својата Фејбук страна објавија дека даваат и скромен прилог за ублажување на состојбата на загрозените семејства.
„Вработените од Централниот регистар на Република Македонија изразуваат длабоко сочувство за семејствата на настраданите во катастрофалните поплави кои се случија во Скопје и околината на 6. август 2016 година и искрено жалење за материјалните штети што беа предизвикани. Со цел скромен придонес за санирање на штетите, вработените во Централниот регистар со доброволни прилози како одбиток од месечните примања донираа средства во износ од 254.480 денари, кои во текот на вчерашниот ден беа уплатени на сметката на Фондот за солидарност на Црвениот крст на Република Македонија. Искрено се надеваме дека овие средства ќе помогнат во ублажување на состојбата кај загрозените семејства.“
Тие на својата Фејбук страна објавија дека даваат и скромен прилог за ублажување на состојбата на загрозените семејства.
„Вработените

Пронајдете не на следниве мрежи: