Дневен хороскоп 13.03.2013

Овен
Истражете ја и откријте ја својата креативна страна и имајте повеќе доверба во себе. Наместо да велите и да верувате дека другите можат подобро од вас да ја завршат работата, вие преземете поголема иницијатива и покажете колку знаете и умеете. Ќе наидете на препреки што треба мудро и со конструктивен разговор да ги надминете. Бидете упорни и стриктно држете се до планот.
Бик
Една ваша егоистична желба може да ве однесе во погрешна насока. Особено сте заинтересирани за промена на работното место. Пред да се одлучите на која понуда или оглас да одговорите, прво добро размислете што навистина сакате да постигнете. Ќе се најдете во незавидна ситуација во која ќе се почувствувате инфериорно.
Близнаци
Не откажувајте се од вашите цели и планот на кој веќе подолго време работите. Ваши денешни приоритети треба да бидат средување на односите со членовите на потесното семејство, чистење на домот и промени. Дејствувајте брзо и одлучно ако сакате да победите во емотивната кавга што може да произлезе од сé полошата комуникација со партнерот. Можеби треба да побарате совет од постара личност.
Рак
Не дозволувајте другите да ги завршат вашите обврски ако сакате да добиете пофалби од претпоставените. Една ситуација што се однесува на вашиот личен или професионален план може да биде искористена од некоја личност. Не дозволувајте никој да ве уценува и понижува. Искористете ги физичката сила, психичката стабилност и работливоста и нештата ќе си дојдат на свое место.
Лав
Вашето внимание треба да го насочите кон луѓето што навистина можат да ви помогнат и да ви понудат подобра перспектива во иднина. Работете вредно и дајте свој придонес во средувањето на ситуацијата во домот. Покажете им на најблиските колку навистина сакате да почнете нова страница во животот, но и колку ви е потребна нивната поддршка.
Девица
Ако сакате да заштедите, тогаш добро анализирајте ги своите трошоци и приходи. Бидете авантурист, но и истражувач, зашто само така ќе дојдете до информацијата што може да биде пресудна за ситуациите што ќе ви се случуваат подоцна. Понудата да станете партнер или соработник во еден проект треба сериозно да ја разгледате, зашто тоа ќе се одрази врз вашата кариера.
Вага
Поради некои одлуки од блиското минато ќе бидете вовлечени во еден непознат свет. Најважно е да се држите цврсто и да не потклекнувате на барањата и на интересите на другите. Преземете акција што ќе ви овозможи да ги живеете своите соништа и да се движите каде што сакате. Само тие што гласно зборуваат и реално се борат можат да очекуваат да бидат слушнати и поддржани.
Шкорпија
Бидете отворени за промени и за новини, зашто во спротивно може ќе направите грешка што многу ќе ве чини. Знаете многу брзо да изреагирате во некои ситуации, а подоцна да се покаете. Не расправајте се со саканата личност, туку со факти и зборови докажете дека вие сте во право. Ако гледате дека ситуацијата станува сé понапната, оставете нештата да се стабилизираат сами од себе.
Стрелец
Пред да прифатите некаков договор прво побарајте писмено образложение и дајте си време да размислите. Се наоѓате во многу турбулентен период, особено на емотивен план. Не дозволувајте да ве зафати депресија, туку објективно разгледајте ги проблемите и побарајте помош од партнерот. Направете ги промените заедно, зашто само така и двајцата ќе се чувствувате рамноправно.
Јарец
Ситуација поврзана со некаков долг или заем може да ги наруши односите меѓу вас и драг пријател. Не избрзувајте, туку добро анализирајте какви мерки ќе преземете, зашто тоа што со години сте го граделе заедно може за миг да го снема. Одлуката донесете ја врз основа на факти, а не емоции. Чувајте се од настинки.
Водолија
Конечно својот однос со саканата личност го доведовте во посакуваната рамнотежа или сте многу блиску до тоа. На работното место сте многу активни и лојални, па затоа и успехот не изостанува. Иако финансиската ситуација сé уште ви е нејасна, на повидок се нови проекти и можност за поголема заработка.
Риби
Промената што сте ја направиле веќе влијае позитивно врз целиот ваш живот. Понекогаш треба да направите драстични промени, кои ќе ви овозможат да продолжите да ги исполнувате соништата и желбите. Попладнето поминете го со личност што ви е многу драга, а не сте ја виделе подолг период.Овен
Истражете ја и откријте ја својата креативна

Пронајдете не на следниве мрежи: