Што ви предвидуваат ѕвездите за денес?Овен Во нешто влевате надеж, но имате погрешна претстава. Во светот на илузиите сте се вселиле и немате контакт со стварноста. Планетарните аспекти не се лоши за филозофите и уметниците, но деловните луѓе може да имаат проблеми. Немате доволно енергија. Бик Морате сами да се изборите со проблемите кои ви се натрупуваат и тоа многу брзо. Нервниот систем е на проба. Бидејќи често се наоѓате во слични ситуации, обидете се да не ја префрлате вината на друг. Баравте – гледајте. Требаше порано убаво да промислите. Близнаци Многу деловни обврски ви го одвлекуваат вниманието од емотивното незадоволство. Во спротивно, само ќе се нервирате. Успешно завршувате некоја работа. Со сериозно и зрело размислување извршувате многу работи. Ве оптоварува сознанието дека немате на кого да се потпрете.
Рак Или имате здравствени проблеми, или сте вработени во здравство. Планетите не умеат да ги разликуваат тие две работи. Совладајте ја сомнителноста и себичноста така што ќе направите барем едно добро дело. Наскоро ве очекува тешка работа. Лав Одличен деловен ден. Успех ја очекува уметничката душа, која меѓу вас ја има повеќе отколку што може да замисли. Малата напнатост е последица на среќата, која на извесен начин е стресна состојба. Очекувате нешто многу привлечно, врзано за љубовта. Девица Поради нешто сте вознемирени, работите не ги поставивте на свое место. Кога подобро ќе размислите, ќе видите дека стравот е неоснован. Свртете се кон работата и заработувањето, бидејќи целиот месец е одличен за таа активност. Со партнерот случувањата ќе бидат под контрола.
Вага Морате да бидете пореални во барањата за да не се разочарате. Од луѓето очекувате нешто што однапред сте го зацртале, па затоа се чувствувате изневерени. Однесувањето ви е погрешно. Свртете се кон семејството и саканата личност, таму ве чека благосостојба. Скорпија Мал одмор по немилите настани помага да закрепнете и да се вооружете со оптимизам. Ситуацијата од ден на ден се повеќе се комплицира. Се наоѓате пред огромни промени. Доколку ги прифатите, ќе имате добивка. Во спротивно, ве очекуваат киксови. Стрелец Романтичните моменти со Водолијата или Лавот ви го поправаат расположението и ве ставаат во елемент. Во фаза сте на неочекуван пресврт на ситуацијата во своја корист. Условите за живот се подобруваат, расположението се поправа, а вие планирате патување.
Јарец Со пријателите остварувате конструктивни идеи. Прифатете ги нивните предлози бидејќи се оправдани и ветуваат поволен исход. За емотивната несигурност побарајте одговор во планетарните влијанија. Можеби тие се виновни и за несоницата. За среќа влегувате во подобар период. Водолија Доколку се дружите со Стрелци и Лавови, а се ослободите од Биковите, ќе биде фантастично. Сите ќе бидете среќни. Скорпијата може да се почувствува запоставено, но таа има други грижи. Важно е да постигнете се што наумивте. Успехот во јавноста моментално е пред вас. Риби Се уште сте во фаза на доброволна изолација. Љубопитноста ви е зголемена, но се уште не сте во состојба да се фатите во коштец со непланираните проблеми. Ќе дојде време за мегдан. За почеток ослободете се од стресовите со кои ве бомбардира околината.Овен Во нешто влевате надеж, но имате погрешна претстава. Во светот на илузиите сте се вселиле и немате контакт со стварност
Пронајдете не на следниве мрежи: