Дневен хороскоп 25.10.2013

Што ви предвидуваат ѕвездите за денес?Овен Вашата главна преокупација е работата и склопувањето нови деловни договори. Останатите активности се на втор план. Настрана се емоциите – нив ги преминавте. Цврсти сте како карпа, подготвени да функционирате во онаа мера во која условите тоа го наложуваат. Бик Средби, пријатели, размена на искуства, но и љубовта, ќе ви го направат денот неверојатен. Релаксирајте се и препуштете им се на чувствата не размислувајќи за тоа што ќе биде. Сите стравови оставете ги настрана, бидејќи се неосновани.  Близнаци Кога сте сами и не зависите од другите, се е под контрола. Кога мора да соработувате, настапуваат проблеми за кои во голема мера сте самите виновни. Можете да изберете меѓу две можности, целосна изолација, што е секогаш опасна и, функционирање во заедницата.

Рак Преокупирани сте со финансиски проблеми, бидејќи трошите повеќе отколку што заработувате. Иако на прв поглед сте личност која може да живее без нешто, тоа е чисто актерство. Парите и тоа како ви се важни, но само кога ги немате.  Лав Здравствените проблеми се последица на претерувањето во се што сакате, а списокот е огромен. Кога би успеале да се дисциплинирате и да го елиминирате тоа што ви штети, би било одлично. Вака, се паничите штом конкретните знаци ќе го алармираат проблемот. Девица Размислувате за љубовта, за децата и за позитивните нешта. Некои припадници на знакот се активни на овие полиња, додека другите пасивно чекаат. Се плашат од тоа да бидат неумерени, бидејќи повеќе пати се „изгореле“ во слични ситуации. 

Вага Периодов е поволен за љубов и за уживање во поубавата страна на животот. Работата може да почека поповолен момент, свртете се кон партнерот и обидете се да исправите некои од грешките што сте ги направиле во минатото. Скорпија Се обидувате да ги средите односите со Лавот. Тоа што зависи од вас, засега е под контрола. На другата страна има доволно тортура. Со својата посесивност ја гушите таа шанса, па настојувајте што побезболно да излезете од оваа ситуација, деловна или емотивна. Стрелец Сета сила ја насочувате кон работата. Никој не се сомнева во тоа дека ќе успеете. Имате многу обврски, па партнерот може да здивне и да се одмори од вашите невозможни барања. Покомплицирани сте отколку што мислите. Постојано незадоволно мрморите и сте негативни.

Јарец Одличен ден за склопување договори или започнување нова работа. Ненадејните случувања се неповолни, но кога ќе се освестите, ќе сфатите дека не биле така лоши како што сте мислеле. Пресвртите ви одговараат, бидејќи се вклопуваат во вашата природа. Водолија Ненадејно се јавува голема доза креативност како компензација за емотивното незадоволство. Никој не може да ги разбере вашите вистински потреби. Затоа свртете се кон она од што живеете – работата и уметноста. Во тие области остварувате резултати. Риби Доколку продолжите да одите тврдоглаво со некои ваши фикс идеи, а претходно добро да не промислувате, не се надевајте на никаков успех. Критиката насочена на ваша сметка и тоа како ќе ве заболи, но запрашајте се колку е таа на место.Овен Вашата главна преокупација е работата и склопувањето нови деловни договори. Останатите активности се на втор план. Наст

Пронајдете не на следниве мрежи: