Дневен хороскоп за 03.02.2015 година

Погледнете какви изненадувања ќе ви донесе овој февруарски ден.Овен
Влевате надеж во нешто, но имате погрешна претстава. Се наоѓате во свет на илузиите и немате контакт со стварноста. Планетарните аспекти не се лоши за филозофите и уметниците, но деловните луѓе може да имаат проблеми. Немате доволно енергија.Бик
Морате сами да се изборите со проблемите кои ви се натрупуваат и тоа многу брзо. Нервниот систем е на проба. Бидејќи често се наоѓате во слични ситуации, обидете се да не ја префрлате вината на друг.Близнаци
Многу деловни обврски ви го одвлекуваат вниманието од емотивното незадоволство. Во спротивно, само ќе се нервирате. Успешно ќе завршите некоја работа. Ве оптоварува сознанието дека немате на кого да се потпрете.

Рак
Имате здравствени проблеми, кои ќе ве мачат извесно време. Но, планетите ќе ви помогнат да ги совладате потешкотиите. Совладајте ја сомнителноста и себичноста, така што ќе направите барем едно добро дело. Наскоро ве очекува тешка работа.Лав
Одличен деловен ден. Успехот ја очекува уметничката душа, која меѓу вас ја има повеќе отколку што може да замисли. Малата напнатост е последица на среќата, која на извесен начин е стресна состојба. Очекувате нешто многу привлечно, врзано за љубовта.Девица
Поради нешто сте вознемирени, бидејќи работите не ги поставивте на свое место. Кога подобро ќе размислите, ќе видите дека стравот е неоснован. Свртете се кон работата и заработувањето, бидејќи целиот месец е одличен за таа активност.

Вага
Мора да бидете пореални во барањата, за да не се разочарате. Од луѓето очекувате нешто што однапред сте го зацртале, па затоа се чувствувате изневерено. Свртете се кон семејството и саканата личност.Скорпија
Мал одмор по немилите настани помага да закрепнете и да се вооружите со оптимизам. Ситуацијата од ден на ден, сѐ повеќе се комплицира. Се наоѓате пред огромни промени. Доколку ги прифатите, ќе имате добивка.Стрелец
Романтичните моменти ќе ви го поправат расположението. Во фаза сте на неочекуван пресврт на ситуацијата во своја корист. Условите за живот се подобруваат, расположението се поправа, а вие планирате патување.

Јарец
Со пријателите остварувате конструктивни идеи. Прифатете ги нивните предлози, бидејќи се оправдани и ветуваат поволен исход. За емотивната несигурност побарајте одговор во планетарните влијанија. Можеби тие се виновни и за несоницата. Водолија
Доколку поминете време со најблиските, ќе биде фантастично. Сите ќе бидете среќни. Некоја Скорпија од вашето окружување може да се почувствува запоставено, но таа си има свои грижи. Важно е да постигнете сѐ што наумивте. Успехот моментално се наоѓа пред вас.Риби
Сѐ уште сте во фаза на изолација. Љубопитноста ви е зголемена, но не сте во состојба да се фатите со решавање на проблемите. Ќе дојде и вашето време. За почеток, ослободете се од стресовите кои ви ги приреди околината.Овен
Влевате надеж во нешто, но имате погрешна претстава. Се наоѓате во свет на илузиите и немате контакт со стварноста. П

Пронајдете не на следниве мрежи: