Дневен хороскоп за 06.02.2015

Дневен хороскоп за 06.02.2015…Овен
Денот ќе помине во знакот на љубовта. Конечно ќе може да кажете дека сте задоволни од својот љубовен и живот и од вашиот партнер. Но, незадоволни сте од ситуацијата на работното место.
Бик
Денес е најдобро да бидете сами,  затоа што со своето однесување ќе ги нервирате сите околу вас. Подобро бидете сами и размислете зошто во вас е наталожен толку бес, што сега се манифестира во лошо однесување кон сите.
Близнаци
Пријателите кои до неодамна ви беа огромна поддршка, изгледа како полека да ви го вртат грбот. Размислете зошто. Емотивниот живот ви е нестабилен. Можни се здравствени проблеми.

 
Рак
Иако денот почна со несогласување меѓу вас и партнерот, а продолжи со проблеми на работа, сепак, на крај ќе бидете задоволни од финансискиот ефект. Помалку зборувајте. Можни се здравствени проблеми.
Лав
Пред вас е еден од оние денови кога сте сосема неодоливи за спротивниот пол и привлекувате погледи каде и да се појавите. Еротската привлечност со која зрачите никого не го остава рамнодушен. Недоразбирање на работа и во фамилијата. Здравствени проблеми.
Девица
Ова дефинитивно не е ваш ден, но секако не очајувајте. Односот со партнерот е комплициран, а вие од некои чудни причини сте склони кон лутење. Финансиската состојба ве полудува. Можност за нов почеток.

 
Вага
Вложувате огромен напор за да ја постигнете саканата цел. Избегнувајте ги судирите со околината, бидејќи нема ништо да добиете со арогантноста и цинизмот. Проблем на денот ќе бидат вашата мрзливост и чувството дека нештата не се под ваша контрола.
Скорпија
Изразената енергија ќе ја комбинирате со емотивни реакции кои ќе предизвикаат чудење кај околината. Ѕвездите ве советуваат да не го губите здравиот разум и да дејствувате моќно како што знаете и умеете. Емотивните проблеми постојат кај сите, затоа не треба да се чувствувате како исклучок од нештата.
Стрелец
Можни се проблеми во комуникацијата со соработниците кои ќе бидат предизвикани поради вашето нетрпение и постојаната нервоза. Доколку не сакате некој да се шегува на ваша сметка, тогаш би било подобро да бидете потолерантни и да слушнете што кажуваат другите.

 
Јарец
Премногу сте чувствителни и тоа ве води до погрешна процена на многу нешта. Бидејќи сте затворени во себе, можете сериозно да го нарушите здравјето и да се соочите со долготрајни последици. Не дозволувајте да ве погодат коментарите на околината.
Водолија
Емотивната состојба ве загрижува, бидејќи подолго време се сомневате во довербата спрема партнерот. Љубоморната страна на вашиот знак е главен иницијатор за нестабилноста во вашиот емотивен и професионален живот. Кога малку би се олабавиле, би сфатиле дека нештата се онакви какви што посакувате вие.
Риби
Го избравте вистинскиот момент за акција. Никогаш не е доцна, но по правило донесувате вистински одлуки во погрешно време. Наредниот период е одличен за средување на емотивниот живот. Направете избор помеѓу прекин на лошата врска или смирување со партнерот.Овен
Денот ќе помине во знакот на љубовта. Конечно ќе може да кажете дека сте задоволни од својот љубовен и живот и од ваш

Пронајдете не на следниве мрежи: