Дневен хороскоп за 09.03.2015Овен
Не применувајте агресивно убедување и претерано зборување во комуникациите, затоа што ефектот може да биде обратен. Родените во третата декада кои се наклонети кон експериментирање во љубовта, потребно е да бидат внимателни, затоа што не се прогнозираат задоволителни резултати.
Бик
Поради новонастанатата ситуација на работното место ќе морате некои работи да ги менувате од корен. Не донесувајте битни одлуки на брзина. Некоја личност од порано која ви должела ќе ви возврати со услуга. Во љубовта чувствувате мала несигурност. Разговарајте со вашиот партнер и бидете искрени. Тоа може да помогне.
Близнаци
Бидете потрпеливи и внимавајте како настапувате. Не ги запоставувајте работнофинансиските проблеми, бидејќи можат да се зголемат. Сентиметалните односи ви се одлични ве очекува ден исполнет со љубов и разбирање. Слободните претставици ќе имаат можност за избор. Постапете правилно.
Рак
Најмногу задоволство ќе наоѓате во необавезните дружења и контакти со луѓето кои ги сакате. Финансиската ситуација помалку ќе ве измачува, вашите примања се помали од моменталните трошоци. Размислете и пронајдете додатна заработувачка. Сентименталните односи ви се стабилни.
Лав
Ќе морате да превземете и дел од работата на другите, бидејќи вашите интереси се заеднички. Решавањето на проблемот што ве измачувал многу ќе ве расположи. Постои можност за некое патување и на вас останува да одлучите. На партнерот не му одговара вашата презафатеност со работата.
Девица
Ќе бидете оптеретени со секојдневните работни обврски. Доколку сте во можност одвојте ги своите мисли и работните обврски и посветете се на партнерот. Покрај тоа што од вас ќе го извлече најдоброто, што во моментот можете да го дадете ќе добиете нежност и љубов, а тоа ви е потребно повеќе отколку што мислите..
Вага
Ќе имате многу енергија и ќе знаете самите животот да си го направите поинтересен. Добро ви се аспектирани долготрјаните работи како и работите поврзани со недвижнини, па затоа би требало да му посветите повеќе внимание. Емотивно сте стабилни и со одлично здравје.
Скорпија
Подгответе се однапред денеска ве очекува многу работа. Ако не можете сами побарајте некој кој ќе ви помогне. Не дозволувајте некој злобен колега да ви ги расипе вашите работни планови. Во љубовниот живот не ги сокривајте емоциите, бидејќи вашиот партнер не ќе знае што чувствувате кон него, па тоа може да доведе до несакани ситуации.
Стрелец
Сите претставници на овој знак ќе морате да обрнете повеќе внимание на вашето здравје, бидејќи се можни проблеми. На љубовен план овој ден ви носи искушение на кое не треба да подлегнете. Сега склопените љубовни врски можат да бидат без иднина , но сепак изборот останува на вас
Јарец
Можеби денеска ќе ви се укаже прилика за патување, која не треба да ја пропуштите. Прифатете ги сите деловни понуди кои потекнуваат од странство. Исклучителната раздвиженост во интимниот живот може да ви донесе популарност кај лице од спротивниот пол кое вие ќе знаете да го искористите иако врската можеби ќе трае кратко.
Водолија
Ќе бидете несигурни во работата која ја работите особено во средување на некои документи. Очекувајте успех од личност од вашето семејство што за вас ќе биде голема радост. Ве очекуваат парични проблеми исплатите кои ги очекувате ќе бидат помали, па не е исклучена можноста да се обратите некому за позајмица. Ве измачуваат љубовни проблеми.
Риби
Ќе бидете нервозни и вашите потези нема да даваат најдобри резултати. Емоционалниот живот ви е пријатен и хармоничен. Ќе имате многу добар контакт и одлично ќе се разбирате со партнерот. Здравствената состојба ви е чувствителна ве очекуваат проблеми со крвотокот.Овен
Не применувајте агресивно убедување и претерано зборување во комуникациите, затоа што ефектот може да биде обратен. Р