Дневен хороскоп за 12.09.2014

Дневен хороскоп за 12.09.2014 година.Овен
Не губете време. Искористете  го вистинскиот момент за да ја остварите деловната идеја: нема сомнение дека ќе успеете. Бидејќи среќата обично оди во комплет, не можете да се пожалите ни на личноста покрај себе. Под услов да сте осамени, излегувајте колку што можете повеќе и дружете се.
Бик
Не навалувајте на партнерот со сила, ако сакате да доживеете убави, дури и незаборавни моменти. Бидете понежни, посуптилни, не ги покажувајте грубо своите чувства. Среќни сте и вљубени. Чувајте се кога станувазбор за здравјето!
Близнаци
Мора да ги намалите апетитите. Бидејќи поседувате зајакнати ментални способности, ќе избегнете опасност од измама. Слободните моменти минете ги занимавајќи се со нештата што ги сакате. Стрелците се добитна комбинација за вас.

Рак
Успевате максимално да се опуштите и да уживате. Моментално, пријателите и љубовта се заслужни за состојбата на среќа и убавиот изглед. Уште кога би успеале да ја намалите порцијата и да се дисциплинирате во исхраната, каде би ви бил крајот?
Лав
Не се надевавте дека нештата ќе тргнат по овој тек , но имавте многу среќа. Добро се чувствувате, расположени сте и комуникативни. Имате време за се’, па и за љубов. Ја ширите на сите страни во толкава мерка, што сте вистински расипник. Водете сметка да не ги потрошите сите адути.
Девица
 Обидете се да не обрнувате внимание на нервозата, туку свртете се на работата и нештата што ви претставуваат задоволство. Не влегувајте во расправи. Бидете потолерантни и не преценувајте ги своите можности. Луѓето околу вас не можат да ја следат динамиката на менталниот склоп на една Девица.

Вага
Пред вас е успешен ден. Се чувствувате добро и таквата состојба поделете ја со најблиските. Бидејќи припаѓате на еден од најнесебичните астролошки знаци, умеете да делите и добро и зло со околината. посебно сте успешни во она првото. Затоа сте сакани и радо видени на секое место. Блазе си ви.
Скорпија
Често мислите дека сте најпаметни. Не сте ни свесни колку на околината и пречи вашата самоувереност и самозадоволство. Тие маани мора под итно некако да ги совладате, зашто во спротивно може да трпи не само пријателството, туку и љубовта и бракот. Партнерот веќе размислува за радикални чекори. Затоа – памет во глава.
Стрелец
Периодот на леснотија и оптимизам се менува со незадоволство и нервоза. Ја прифаќате лажната слика за себе, што ја создавате за другите. Работата не смее да ги почувствува вашите слабости, но затоа семејството може. Тоа е одличен вентил за празнење.

Јарец
Успешен деловен период. Бидејќи сте подготвени за соработка и компромиси, со леснотија ги остварувате идеите. И повеќе од тоа: одлично се чувствувате, зашто владеете со ситуацијата на сите полиња. Посебно ве радува фактот што успеавте да се ставите под контрола. Во целата ситуација, тоа беше најтешко.
Водолија
Пребрзо носите одлуки, молневито дејствувате, но брзината и развојот на настаните му одговара на вашиот темперамент. Се советува одмор и пасивно комуницирање во вид на водење на преписки. Метаболизмот е лош, собирањето на течности во организмот големо, па од таму и чувството на тромавост.
Риби
Сите ги критикуваат Раковите дека се зависници од пари, но нежните Риби во тоа ги надминуваат. Навистина, тие ги мразат парите, па тоа е една од причините што толку брзо ги трошат. Сепак, зачувајте нешто и за црни денови.Овен
Не губете време. Искористете  го вистинскиот момент за да ја остварите деловната идеја: нема сомнение дека ќе ус

Пронајдете не на следниве мрежи: