Дневен хороскоп за 13.11.2013

Дневен хороскоп за 13.11.2013Овен
Сосема шармантно и духовито делувате во изразувањето пред околината. Сакате да дејствувате како вистински перфекционист пред некои луѓе, за да оставите впечаток дека се држите под строга контрола и под будно око. Внимавајте, овој период можни се насртинки.
Бик
Или некој си игра со вашата доверба или се работи за обично недоразбирање кој треба да го прифатите како една минлива фаза во бизнис преговорите. Нема причина премногу да ризикувате или да експериментирате. Работи што според вашето мислење изгледаат интересно, партнерот ги набљудува со одредена сума на недоверба.
Близнаци
Ангажирани сте на различни страни, но се си има своја здрава граница на издржливост и можности. Рационално користете ја својата енергија, бидејќи работната терапија има корисни ефекти само под одредени услови и во рамките на личните можност. Понекогаш поставувате високи барања пред вашето сакано лице.
Рак
Невнимателно откривате повеќе детали отколку што е потребно. Ви изгледа како залудно да размислувате за една романтична средба, или погрешен човек, што не е во вашиот емотивен домет. Ве очекува пријатно изненадување.

 
Лав
Ќе претерате со своите амбициозни планови со цел да се докажете на различни страни. Губите нечија посветеност.  Ве очекуваат негативни коментари или забелешки поради одредени постапки. Не дозволувајте некој да ве избрза во одлуките. Опуштете се.
Девица
Добро ги проценувате различните опции на бизнис и умеете сугестивно да делувате на околината. Со добро осмислен стил на изразување може да постигнете подобар ефект на вашите соработници, но со употреба на строга интонација. Добро сте расположени, не постои причина да избегнувате некои љубовни сигнали.
Вага
Понекогаш е тешко да се признае личниот пораз, особено кога постои личност која би триумфирала во таква ситуација. Прифатете ја одговорноста за своите постапки. Чувствувате емоционално несигурност, избегнувајте ги непотребните возбуда или авантури кои можат да ви создадат нов хаос. Олеснете ја совеста.
Скорпија
Соработниците имаат различни идеи за заедничките интереси и не ги разбираат вашите идеи. Потребно е да вложите повеќе енергија. Ако емотивната средба не изгледа премногу идилична, не треба постојано да го обвинувате вашиот партнер за сите лоши моменти кои постојат во заедничкиот живот.

 
Стрелец
Се чувствувате како некој да ги нарушува вашите права или интереси поради што ќе бидете нервозни. Важно е да размислите за нови и ефикасни решенија. За жал, ниту љубовта не е целосно прилагодена на вашиот вкус и желба. Партнерот има приоритетни планови, но вие не се откажувате лесно од своите намери.
Јарец
Се наоѓате во емотивна нескладност во однос на своите желби и можности што ве следат. Повеќе ви пречи еуфоричното расположение на вашиот партнер, отколку чувството на резигнација и емоционална несигурност. Нема потреба да се чувствуваат несигурни и да ја потиснувате вистината во љубовниот дијалог. Со саканото лице, секогаш постои поубав и повозбудлив дел на реалноста.
Водолија
Добро размислете за вашите предности и слабости во бизнис преговорите, бидете реални. Без оглед колку мистериозно делувате пред саканото лице, не успевате целосно да го прикриете вашето вистинско расположение или пак, работите ги потиснувате во себе. Разговарајте со некој за сопствените дилеми.
Риби
Многу ви е важно да оставите добар впечаток на околината, па понекогаш претерувате со своите идеи или планови кои сакате да ги промовирате. За среќа, ќе добиете поддршка и некој со симпатии ја оценува вашата комплетна појава. Без разлика на својот статус или годините, прифатете ја играта на заведување во која во вас поттикнува чувство на радост.Овен
Сосема шармантно и духовито делувате во изразувањето пред о

Пронајдете не на следниве мрежи: