Дневен хороскоп за 18.10.2013

Прочитајте го вашиот хороскоп за 18.10.2013Овен
Многу работи денес ќе се случуваат ненадејно и непланирано. Познанства, сојузи и размена на искуства. Уште кога би умееле да не се нервирате. Бидете попустливи кон оние што ги сакате. Ослободете се од емотивните стравови. Не се нервирајте се непотребно. Само работете си ја својата работа. Следете ги советите на лекарот и немојте да се форсирате.
Бик
Ќе бидете насочени кон личните задоволствата. Бидејќи од партнерот имате материјална корист, потрудете се да добиете повеќе од тоа. Тој нема да може да одолее на вашиот изглед, затоа надевајте се на средба. Избегнувајте претерани емотивни реакции.
Близнаци
Никако да тргнете од место. Застоите почнаа да ви одат на нерви. Не дозволувајте си нервирања, тие влијаат не само на убавината , туку и на здравјето. Бидејќи еден колега дополнително ве излудува, морате да се учите на трпеливост.
Рак
На проблемите им приоѓате од дистанца. Не сакате во нив претерано да се внесете бидејќи не наоѓате интерес за такво нешто. Поради профсионалниот успех, добро се чувствувате и сакате да уживате на себеси својствен начин. Кога сте во криза , никому не му одите на нерви.

 
Лав
Можни се проблеми со расудувањето на одредени работи и конфузност која влијае на нереалното размислување. Од околината премногу очекувате, а не сте свесни за лагите со кои сте опкружени. Можеби тоа е и подобро, отколку да се оптоварувате со озборувања.
Девица
Напорен ден, еден чекор напред, два назад. Постојано имате проблеми, но толку сте окупирани што немате време да мислите на нив. Тоа е најдобра варијанта, наскоро резултатите од работата ќе бидат видливи. Финансиската ситуација премногу ви е битна.
Вага
Комуникативни сте, но не сте задоволни. Се ви пречи и постојано ситничарите. И покрај тоа што имате поддршка од пријателите им наоѓате мани. Бидејќи се работи за субјективни тешкотии, пожелно е да се насочите кон паметни и корисни работи.
Скорпија
Постојано размислувате за парите. Ве очекува многу изненадување на материјален план. Се зависи од тоа колку чесно и одговорно постапивте на работното место. Доколку имате проблеми со законот, не заборавјте дека правдата секогаш победува.

 
Стрелец
Постои опасност од повреди и операција, па свесно поведете сметка за тоа. Извесни припадници на знакот планираат патување, но доколку не можат да го одложат, пожелно е да ги чуваат куферите и документите. Партнерот дополнително ја зголемува нервозата.
Јарец
Дистанцирајте се од се она што ве оптоварува, а да го работите она што ви причинува задоволство. Бидејќи голем дел од припадниците не се занимаваат со спорт, затоа препорачливо е да пешачат на свеж воздух. Рекреацијата би ви годела да размислите за своите идеи.
Водолија
Чувствителни сте на план на пријателство и љубов. Бидејќи од тие сегменти моментално најмногу очекувате, анализирајте ја ситуацијата барајќи влакно во јајцето. Морате да сфатите дека ни вие не сте идеални, па не го очекувајте тоа од другите.
Риби
Доколку активно се вклучите во разни животни текови, шансите да успеете ќе бидат големи. Времето брзо поминува па наскоро доаѓаат рестрикции. Затоа, искористете го поволниот момент за подобрување на материјалната ситуација.Овен
Многу работи денес ќе се случуваат ненадејно и непланирано.

Пронајдете не на следниве мрежи: