Дневен хороскоп за 19.11.2013Овен
Овој ден ќе ви биде напорен, но без многу видливи резултати, кој ќе морате да го прифатите како таков. Бидејќи здравјето е на прво место, водете сметка за тоа. Вознемиреноста е последица на неадекватната соработка со професионалните партнери. Подалеку од Ракови, можат да ве извадат од такт.
Бик
Денес ќе функционирате под силни емотивни и уметнички влијанија. Водете сметка да не претерате во нешто, може да има контраефект. Избегнувајте љубовни сцени и посесивно врзување со лицето што ве интересира. Малку искуство не би било на штета.
Близнаци
Препорачливо е да избегнувате расправии со партнерот, врската може да биде доведена во сериозна криза. Уште само тоа ви треба. И онака имате многу проблеми, па тешко се снаоѓате. Насочете се кон подлабока смисла на животот и потрудете се да ги воочите сопствените слабости.
Рак
Незадоволството е последица на конфликтот помеѓу должноста и интересирањата. Околината постојано ќе ви наметнува нови обврски. Малку време ќе си посветите себеси. Со блиските ќе остварите успешна соработка на сите полиња.
Лав
Многу припадници на знакот се поврзани со јавна професија. Тоа ви носи вознемирување и трема, но егото ќе ви биде нахрането. Тешко успевате да го прикриете внатрешното незадоволство, особено од блиските. Со некого делите заеднички успех.
Девица
Ситничари сте и го нервирате партнерот. Доколку сакате односите да бидат како што треба, поведете сметка за сопствените слабости. Не започнувајте нови врски и отворете четири очи кога склучувате договори. Бидете внимателни во сите сегменти.
Вага
Се прашувате зошто само вам ви се случуваат непријатни работи? Причината лежи во напнатоста и наклонетоста кон мрачни мисли. Постојано привлекувате неволји, полни сте со негативна енергија. Морате да почнете да гледате оптимистички на животот
Скорпија
Насочени сте кон работата, која ја извршувате до перфекција. Недоразбирањата со спротивниот пол полека исчезнуваат. Имате шанса да ја обновите старата врска или да најдете заеднички јазик со партнерот. Претчувствувате позитивен исход од случувањата, бидете толерантни.
Стрелец
Се остваруваат нови професионални можности. Прифатете ги, ви нудат одлична заработувачка. Немојте да се колебате, истата шанса подоцна нема да се повтори. Ќе имате време и за задоволство, а недоразбирањата со околината се последица на невнимателноста.
Јарец
Успехот во финансиските трансакции е последица на поволните планетарни влијанија. Искористете ги на најдобар можен начин. Од вас многу се очекува, а се поставува прашањето колку сте подготвени да дадете. Потрудете се да ја шокирате околината со своите квалитети.
Водолија
Бидејќи опасноста од повреди е зголемена, се советува внимание. Ова првенствено се однесува на сообраќајот. Внимавајте и бидете смирени доколку полагате испит. Некој близок роден во знакот на Овен ќе се потруди да ве иритира, дистанцирајте се.
Риби
Се ви изгледа едноставно. Планирате, сонувате, идеализирате, а не сте свесни во што се впуштате. Соработниците ни оддалеку не се какви што мислите, размислете добро пред да почнете да соработувате со нив. Стрелец ќе се обиде да ви помогне, но само на зборови.Овен
Овој ден ќе ви биде напорен, но без многу видливи резултати, кој ќе морате да го прифатите како таков. Бидејќи