Дневен хороскоп за 20.02.2015Овен
Посветете му се на семејството, пријателите, излезете на прошетка и релаксирајте се. Постојано се грижите за парите, кои навистина ви недостигаат, но смирете се, ви следи поволен финансиски период.
Бик
Вложувајте повеќе во блиските врски и немојте да се оддалечувате од драгите луѓе и борете се против чувството на осаменост или несфатеност. Излезете со друштво, забавувајте се или посетете некои блиски роднини кои не сте ги виделе повеќе време.
Близнаци
Работите полека си доаѓаат на свое место. Контактите со странство било да е тоа преку патување, примање на посета или работна соработка, се е попозитивно особено за родените во првата декада. Ќе имате голема поддршка од поширокиот круг на вашите пријатели и соработници кои ќе ви помогнат со своите врски.
Рак
На повидок се многу настани и нови лица, а вниманието и љубовта ќе ве опкружуваат на сите страни. Ако не сте во врска тогаш новото познанство потполно ќе ве заинтересира, а можеби ќе се појави и љубов. Раковите од втората декада ќе бидат најангажирани.
Лав
Денес ќе бидете под притисок што ви го предизвикува работната средина. Ова ќе биде нешто подинамичен и поинтензивен ден од обично. Освен финансиските планови и неколкуте неуспешни подготовки да направите нов чекор во љубовта, ќе наидете и на недоразбирања од членовите на семејството.
Девица
Можеби ќе се обидувате да разрешите некои тешки работни односи. Попуштањето на притисокот ќе ви овозможи да се завртите кон поубавите работи во животот. Ве очекува некоја не многу пријатна ситуација, побарајте совет од постара личност.
Вага
Контактите со странство или професионалното усовршување ќе ви дадат шанса да се докажете. Не потклекнувајте пред притисокот на надворешните околности сочувајте дел од времето за себе и активноста која ве растеретува. Во љубовта ситуацијата не е најдобра, многу би користел посериозен разговор со партнерот.
Скорпија
Време е да излезете од тесните рамки на традицијата и очекувањата на средината. Бидете похрабри и допуштете си на себе си повеќе од тоа, во спротивно би можеле да се преоптеретите со грижи. Преземете малку ризик, одете на пат, учете, направете некоја промена и сл.
Стрелец
Многу лесно ќе ги извршувате работните обврски единствено на што треба да внимавате се меѓучовечките односи. Родените во втората декада ќе бидат многу чувствителни на однесувањето на соработниците. Ќе поставувате важни прашања во однос на љубовта и нема да бидете многу сигурни во направениот избор.
Јарец
Денеска не очекувајте некои посебни настани. Се ќе се одвива по вообичаениот тек. Работите кои не ги сакате многу пробајте да ги доведете до крај. Ако сте во нова врска можеби ќе се разочарате и ќе размислувате што поскоро да ја прекинете.
Водолија
Успешно ќе ги завршите започнатите работи, а финансиската состојба воопшто нема да ве загрижува. Некоја тајна љубов која подолго време сте ја криеле може да стане опасна за вашата кариера, затоа најдобро е веднаш да ја прекинете.
Риби
Вашиот настап значително ќе се ублажи, заменете ја вашата дрскост и зајадливост со шарм и добрина. Кај некои може да се случи на моменти да бидат премногу чувствителни и ранливи. Многу ќе се двоумите за тоа што ви е најважно во животот дали работата или љубовта.Овен
Посветете му се на семејството, пријателите, излезете на прошетка и релаксирајте се. Постојано се грижите за парите,