Дневен хороскоп за 24.04.2014

Дневен хороскоп за 24.04.2014Oвен
Денешниот ден е само за уживање, па затоа наградете се себе си со нешто што верувате дека го заслужувате. Удоволете си и така ќе си ја зголемите самодовербата, ќе пронајдете внатрешен мир и сила да продолжите понатаму.
Бик
Би можеле да се најдете во ситуација во која ваши драги личности ќе побараат од вас да одберете нечија страна, што може да ви падне прилично тешко. Бидејќи таквите случувања вообичаено се случуваат на некоја веселба, најпаметно би ви било да си останете дома.
Близнаци
Тешко ќе го запрете нагонот за трошење без претерано паметна причина, но сепак потрудете се да ги потрошите парите на нешто што ќе ги развесели вашите најблиски. Нормално, секогаш е поважна намерата, од колку вредноста на трошокот.

 
Рак
Одлучете се за личноста на која ќе и помогнете и направете го тоа токму денеска, затоа што некои ваши внатрешни борби ве тераат на таков потег. Притоа, оставете го паричникот дома, по можност на место каде што нема лесно да го најдете.
Лав
Некој од вас бара работи кои е скоро невозможно да ги исполните, па денешниот ден е одличен за носење одлуки со кои ќе им покажете на останатите дека мораат сериозно да ве сфатат. Сепак, потрудете се да пронајдете некое задоволувачко решение за двете страни.
Девица
Мирот туку што се врати во вашиот живот и не правете ништо непредвидливо што би можело да го промени тоа. Денешните обврски ќе бараат малку повеќе труд и време од вас, па ќе морате повторно да го разгледате својот распоред.

 
Вага
Управувањето со односите помеѓу луѓето бара малку повеќе вештина и знаење од колку што сте вие подготвени во овој момент да вложите. Тоа ве прави прилично нервозна личност, па обидете се да ја намалите нервозата со кратка прошетка во природа.
Скорпија
Се одлучивте на некаков ризик во врската, па бидете подготвени за можните последици доколку направивте некоја погрешна пресметка. Сепак, за да знаете се што треба да направите за да ситуацијата биде нормална, размислете уште еднаш.
Стрелец
Полни сте со добри идеи и фино би било денешниот ден да го искористите за придвижување на некоја од нив, чисто за да видите дали има некакви шанси тоа да профункционира. Малку повеќе дисциплина ќе ви донесе голема корист и во секојдневниот живот.

 
Јарец
Расположението ќе го менувате како чорапи, бидејќи моментално фантазијата ви работи во шеста брзина. Ако можете да ги искористите тие расположенија за некако конструктивно делување, направете го тоа, но ако гледате дека не ви оди, едноставно седнете и одморете се.
Водолија
Едноставно, треба да се одморите и да го пуштите мозокот на пасење, па искористете го денот за активности кои не бараат премногу време и труд, туку од вас бараат само автоматска работа. Тоа ќе ви годонесе потребниот мир.
Риби
Финансиските прашања ви се постојано на памет, но сепак опуштетесе бидејќи решението е на повидок. Колку на вас и да ви се чини далечно, работите почнаа да се придвижуваат во ваша насока и бидете подготвени за добар крај на започнатите работи.Oвен
Денешниот ден е само за уживање, па затоа наградете се себе си со нешто што верувате дека го заслужувате. Удоволете с

Пронајдете не на следниве мрежи: