Дневен хороскоп за 27.09.2013

Прочитајте го вашиот хороскоп за петок!
Овен
Денеска воопшто нема да се оптоварувате, ќе уживате во пријатно друштвои пријатно расположени. Ќе бидете во форма, на задоволувачки начин ќе ги користите своите способности. Ќе избегнувате препреки и ќе бидете полни со разбирања и нежност кон партнерот. Пријатно ќе го изненадите, а вие ќе ги собирате плодовите од среќата. Финансиска добивка е на повидок.
Бик
Нема да се чувствувате најдобро, бидејќи ви треба многу поголем напор отколку што замислувавте за да ја пребродите кризата. Не повторувајте ги грешките од минатото, особено не љубовните. Доколку порано сте се изгореле, а се однесувате слично, може да биде уште полошо и поболно. Почнете да учите од сопствените грешки.
Близнаци
Денеска ќе бидете идеалистички расположени па нема да ја сфаќате сериозноста на ситуацијата. Можеби е така подобро. Зрачите со шарм и убавина, но и полни сте со желба за успех. Избегнувајте непромислени љубовни афери. Бидете доволно мудри и не седете на повеќе столови одеднаш. Емотивно реагирате во погрешно време и на погрешен начин.
Рак
Ќе се трудите да стекнете колку што може повеќе пари. Не мачете се толку, тие се наоѓаат насекаде околу вас, само треба да бидете мудри. Нервирањето не води никаде, туку само ви штети, како на физичкото, така и на психичкото здравје. Успешно ќе ги надминете препреките благодарение на вашата трпеливост и смирено однесување.

 
Лав
Денеска сте среќни без некоја посебна причина. Спуштете се на земја и почнете да функционирате како сиот нормален свет. Ја идеализирате секоја ситуација, затоа и не ретко сте разочарани. Тоа посебно се однесува на пријателството.
Девица
Амбициозноста ваша ќе ви помогне да успеете. Исклучително ви е битно за она со што се занимавате да добиете признаниеПодобро е да се препуштите на животните радости и да се одморите. Имате одлична соработка со околината, среќни сте и задововолни. Не е ни чудо, зашто по кој знае кој пат сте вљубени, ако не во некој друг, макар во себеси.
Вага
По долго време најдовте сопствен мир. Единствено може да ве заболи фактот што кога вам ви треба помош, нема кој да ви помогне. Никој не ви е виновен, самите си создадовте таква слика за себе. Многу припадници на знакот очекуваат патување во странство. Главно, уживате во сите животни сфери, почнувајќи од материјални, па до духовни. Бидете драматични и конкретни.
Скорпија
Денеска ќе се впуштите во работи од кои ќе извлечете корист. Не дозволувајте некој да ве вознемири без потреба. Од партнерот очекувате финансиска поддршка. Тој почна да ве стимулира да го промените својот пристап во врската, се разбира, во позитивна смисла. Конечно почнавте да ги увидувате сопствените грешки.

 
Стрелец
Можни се нови интересни контакти и познанства. Главата ви е полна со различни впечатоци. Некоја нова личност полека ги освојува вашите симпатии. Благодарение на вашата друштвеност, околината ве сака. Никој не може да одолее на вашата коректна природа и настојувањата на сите да им излезете во пресрет. Конечно ви се јавува желба нешто да промените.
Јарец
Внимавајте и реагирајте. Додека другите уживаат во животот, вам можностите ви минуваат пред очи. Мора да бидете поактивни и јасно да ги спроведувате идеите. Само сталожена личност може да го извади максимумот од денешните случувања. Деновите кои се пред вас се одлични за креативна работа, но и за оние што се занимаваат со здравство.
Водолија
Доколку работите со пари, бидете претпазливи. Овој период ве очекува нова љубов  стартувајќи веке од денес. Доколку тврдоглаво настојувате да го остварите невозможното, ќе се соочите со препреки, а ќе се соочите и со здравствени проблеми. Задоволете се со реалните понуди и посветете му внимание на партнерот.
Риби
Денеска ќе бидете оптимистички рсположени. Ви се нудат можности да шетате во природа и да медитирате. Во исто време сте насочени и кон домот и семејството. Идеите за адаптација на животниот простор ќе ве направат среќни. Рационални сте, трпеливи и се што правите го правите со перфекција.

Пронајдете не на следниве мрежи: