Дневен хороскоп за 27.11.2013Овен
Ќе се потрудите околината да сфати со што се занимавате. Врската во која се наоѓате е заснована на физичка привлечност. Само доколку градите реални односи со партнерот, може да останете заедно. Очекувајте некое пријатно изненадување од некого.
Бик
Денес се ќе ве нервира, ќе бидете полни негативна енергија. Внимавајте, ако вие сте нервозни не мора и околината да страда поради тоа. Со партнерот ќе имате мали несогласувања, но се ќе се среди за краток период. Повеќе работете на себе, и не дозволувајте емоциите да ве совладаат.
Близнаци
Денеска потешко ќе ги остварувате вашите цели. Околностите укажуваат на тоа дека морате да бидете упорни и подготвени на големи потфати. Концентарацијата добро ви служи, потрудете се да се занимавате со работи во кои таа е неопходна. Не пропуштајте ја шансата.
Рак
Денес сте во форма и добро расположение. Ставате акцент на семејството, а љубовта е онаа која ви причинува задоволвство. Свесни сте за својата моќ и се однесувате дека ништо не може да ве изненади. Внимавајте на исхраната ако сакате да ја сочувате енергијата.
Лав
Овој ден е во знакот на врските, пријателски и љубовни. Преплавени сте со позитивни чувства и енергија па се ви изгледа едноставно. Искористете ја оваа состојба за да завршите некои работи кои во нормални ситуации не ви одат од рака.
Девица
Долго време стоите во место. До реализациите не доаѓате лесно па сфатете го тоа како нормален след на околностите. Уморни сте од работата затоа потрудете се да се одморите. Нервниот систем е преоптоварен, направете нешто да се смирите.
Вести
Некои непланирани ситуации ве одвлекуваат од реалноста. Партнерот е заслужен од моменталната среќа со која сте преплавени. Семејството ве стимулира да работите, а и ги исполнува вашите емотивни потреби. Планирате патување.
Скорпија
Благодарение на енергијата која ја поседувате може да очекувате чудо. Многумина од припадниците ве вовлекуваат во кратки, но слатки авантури. Ви одговара дружење со уметнички души. Отворете ги очите добро, меѓу нив може да е и некој кој ќе ви го промени животот.
Стрелец
Деновиве надевајте се на успех и добра професионална соработка. Ако не бидете тешки и наметливи на околината ќе успеете добро да функционирате. Бидете објективни и анализирајте ги сопствените недостатоци. Бидете трпеливи ако сакате да ја решите кризата.
Јарец
Подготвени сте да го реализирате долго планираното патување. Работете трпеливо и станете свесни за сопствените намери. Во оваа ситуација заблагодарете му се на животот што ве научил да добивате поддршка. Работите ги држите под контрола и стоите цврсто на земја.
Водолија
Ова е еден од вашите омилени денови. Полни сте со оптимизам и креативна енергија. Искористете ги овие погодности на конструктивен начин. Прифатете ја секоја понуда за работа. Активирајте се на секое поле и не претерувајте со ситници.
Риби
Морате да го решите проблемот со мрзеливоста. Сетете се на пријателите кои долго не сте ги виделе. Организирајте средба на јавно место. Дружењето ќе ви помогне да ги решите проблемите кои долго време ве измачуваат.Овен
Ќе се потрудите околината да сфати со што се занимавате. Врската во која се наоѓате е заснована на физичка привлечнос